Клоп е најзабавен пред камери, ама малку фали да го изнервираат

Манчестер Јунајтед го елиминираше Ливерпул во четвртфиналето од ФА Купот со 4:3 во продолженијата, после 2:2 во регуларниот дел. Новинар го чепна Клоп, околу тоа зошто имале потешкотии да одиграат до крај 120 минути, по што на германскиот страгет не му беше баш по ќеиф.

„Глупаво е прашањето. Не знам колкав број на мечеви одигравме периодов, а не знам колку точно одиграле и Манчестер Јунајтед. Тоа е спорт и навистина сум разочаран од твоето прашање, ама ти очигледно мислиш дека е добро“.

Новинарот: „Значи поради големиот број на натпревари...“

„А ти така мисли а? Очигледно не си во добра форма, немам нерви за тебе“, рече Клоп пред да си замине.

18 март 2024 - 09:04