Голманот на шпанската репрезентација дојде до бројката од 95 победи со националниот тим на Шпанија и го собори рекордот на поранешниот француски репрезентативец Лилиан Турам.
Касиљас го собори рекордот на својот 130-ти настап за Шпанија при победата од 4:1 на пријателскиот натпревар со Кореја.
Освен овој рекорд, Икер Касиљас го држи рекордот и за најмногу натпревари без примен гол. Тој нема примено гол на 73 натпревари за Шпанците.