Какви сè видови на трансфери има

Трансферите на играчите од еден во друг клуб е најинтересна занимација на фудбалската јавност. Без нив фудбалот би бил сувопарен, монотон и досаден. Секој од своја причина преоѓа во друга средина.

Не може да се замислат во друг дрес

Има играчи кои ги поминуваат најдобрите години од кариерата во клубот со кој освоиле значајни трофеи. И покрај тоа што се клупски легенди, во еден момент доаѓа до заситување. Доаѓа време кога староста го прави своето и време е за некоја нова млада ѕвезда. Меѓутоа, каде и да ги однесе фудбалската кариера, тие играчи секогаш ќе ги поврзуваме само со еден клуб.

Примери: Раул од Реал во Шалке, Стивен Џерард од Ливерпул во Лос Анџелес Галакси, Икер Касиљас од Реал во Порто, Чави од Барселона во Ал Сад, Дел Пјеро од Јувентус во Сиднеј.

Кој може да се додаде на листата во скоро време?

Џон Тери - секогаш изгледа добро во оделото на суперхерој, но знаеме како обично завршуваат тие приказни кога играч ќе ја достигне фазата во која навивачите почнуваат да го отпишуваат после секој лош настап. Нема назад. После неколку месеци, Челси ќе добие нов тренер кој ќе ги игра Кејхил и Зума. Во Лондон се очекува да стигне и Џон Стоунс од Евертон, така што заминувањето на Тери во МЛС е прашање на време.

Недостижни височини

Кога играч успешно играл во просечна екипа и постепено се качува погоре и погоре во кариерата. На крајот, голем клуб покажува интерес и праќа понуда која не може да се одбие. Но за играчот е подобро да ја одбие, затоа што притисокот на конкуренцијата го прави своето и на крајот се враќа од каде што дошол.Примери: Рики Ламберт од Саутемптон во Ливерпул, Јоан Кабае од Њукасл во ПСЖ, Демба Ба од Њукасл во Челси, Стјуарт Даунинг од Астон Вила во Ливерпул. 

Кој може да се придружи во најскоро време: Кристијан Бентеке, Вилфред Бони.

Скокање на трамполина

Малку порадикален вид на недостижни височина. Играчот ќе се појави од никаде, ќе има јака сезона и веднаш ќе прејде во голем клуб, каде очекувано ќе се стркала назад во просекот и ќе го снема.

Примери: Луиз Адриано од Шахтјор во Милан, Диего Коста од Атлетико Мадрид во Челси.

Реакција

Кога голем клуб ќе одлучи да се раздели со играч кој не успеал да добие повеќе простор да го искаже својот потенцијал, но неколку месеци подоцна јасно е дека тоа е голема грешка. Во новата средина (најчесто помалку амбициозна) веднаш ја добива потребната доза на самодоверба и почнува да игра толку добро како никогаш порано. И секако, дава гол на првиот натпревар против поранешниот клуб.

Примери: Алваро Мората од Реал во Јувентус, Чичарито од Манчестер Јунајтед во Баер, Кевин Де Брујне од Челси во Волфсбург, Пол Погба од Јунајтед во Јувентус, Ромелу Лукаку од Челси во Евертон, Фелупе Коутињо од Интер во Ливерпул.

Последниот дел од сложувалката

Се чини дека овие играчи освоиле речиси сè, но им фали уште чекор до целта. И тука доаѓа моментот кога ќе се најде со средината која ќе го подобри и него и тој неа. Следната сезона го освојуваат долгоочекуваниот трофеј.

Примери: Цеск Фабрегас од Барселона во Челси, Андреа Пирло од Милан во Јувентус.

Игра на мускули

Трансфери на суперѕвезди кои за големи пари носат нова енергија во други средини. Задолжителен дел се од програмата на клубовите кои паднаа во рацете на шеиците од Блискиот Исток, руските нафтни бизнисмени или азиските милијардери.

Примери: Роберто Карлос од Фенербахче во Анжи, Самуел Ето од Интер во Анжи, Златан Ибрахимовиќ од Милан во ПСЖ, Робињо од Реал во Манчестер Сити.