Додека на 12 јуни многумина размислуваа каде е најдобро да се укотват за да го проследат отворањето на Светското првенство, Хелио Фонсека барал начин како да усреќи уште еден навивач кој е спречен да го проследи.
Фонсека работи како толкувач на јазикот на глувонемите, а мечот помеѓу Бразил и Хрватска решил да го следи кај својот пријател Карлос кој има оштетен вид и слух.
Додека мечот одел на телевизија, тој внимателно ги следел сите 90 минути, а возбудувањата од теренот му ги пренесувал на импровизирано фудбалско игралиште и со помош на допир успеал да го информира за секој фаул, жолт, црвен картон и гол.
Автоголот на Марсело и водството на Хрватска од 1:0.
Голот на Нејмар и израмнувањето на Бразил.
Доколку се прашувате зошто Карлос неколку пати се врти накај телевизорот, тоа е затоа што одреден број глуво-слепи луѓе можат по малку да гледаат или да слушаат. Голем број лица со оштетен слух добро го научуваат знаковниот јазик пред да почнат да го губат видот.