„Со главата сум во Катанија, но ме радува тоа што Фергусон ме сака во Манчестер", изјави Јапонецот додека играше одличен фудбал во Катанија.
Забележа 69 настапи, одигра 3,965 минути, постигна 14 голови и 2 асистенции. Тоа е неговото си-ви кое го препорача на големите европски клубови меѓу кои и Јунајтед. По Катанија играше во Новара и во Ал-Наср кај Валтер Ѕенга а сега е во татковината.
Марко Донадел - Монтреал Импакт (МЛС)
„Зборував со Кака еднаш кога ме праша како ми се чини неговиот англиски. Тој зборува португалски и италијански, а јас му реков да зборува со фудбалското знаење во нозете"
Порасна во младинските категории на Милан. Росонерите го позајмуваа во Лече, Парма, Наполи и Сампдорија за да во 2005. година Донадел се скраси во Фиренца. Во дресот на Фиорентина одигра 184 натпревари и постигна 4 гола. Беше капитен на Италија У-21 од 2004 до 2006, освои бронза на Олимписките игри во Атина 2004. Сега игра заедно со Дидие Дрогба и даде ефектен гол од 35 метри против Колумбус Кру.
Фабио Симплисио - Висел Кобе (Џеј Лига прва дивизија)
Играше во Рома во времето на Клаудио Раниери. Го викнаа еднаш за Бразил за пријателската против Оман („Не можам да најдам зборови со кои ќе ја опишам мојата среќа што се најдов во репрезентацијата. Многу сум изненаден и ќе сторам сè за да играм на Светското). Не остана, не ја искористи шансата на мечот организиран од Султанот Кабус бин Саид Ал Саид на неговиот 69-ти роденден.
По 200 партии во Серија А во дресовите на Парма, Палермо и Рома замина во Јапонија. Во Черезо Осака играше од јануари 2015-та а сега е во екипата Висел од Кобе.
Адриан Муту - Пуне Сити (Индиска Супер Лига)
„Златан е најдобриот. Кога бевме во Јувентус спиевме во иста соба во карантин. Еднаш во сред ноќ се разбуди урлајќи Ади имав кошмар! Сонував дека Роналдо е подобар од мене! Се обидов да го смирам и успеав кога му кажав Не, Златан, ти си најдобар на свет, смири се".
Не го потценуваме индиското првенство. На нивните терени играа фудбалери како Дел Пиеро, Матераци, Неста и Трезеге. Муту стигна таму по проблемите со судот во Англија (Романецот му должеше 17,7 милиони евра на Челси). Имаше проблеми со кокаинот и антидопингот, се разведе од сопругата и го допре дното.
Во Италија играше за пола лига (Интер, Верона, Парма, Ливорно, Јувентус, Фиорентина и Чезена). За 12 години на Апенините постигна преку 100 голови во Серија А. Историја на скандали има и во селекцијата на Романија. На Фејсбук стави фото-монтажа од селекторот Виктор Питурка како Мистер Бин. Федерацијата оттогаш му забрани да настапува за репрезентацијата. Во Индија досега даде 35 голови на 77 натпревари.
Мајкл Бредли - Торонто (МЛС)28-годишниот Бредли играше одлично во Рома и затоа изненади со трансфер во Канада. Во Киево претходно одигра 35 меча и даде еден гол, а во Рома забележа 41 настапи беше дел од серијата со 9 победи по ред на Волчицата.
Сега е во Торонто и ужива во мајсториите на Џовинко. Игра за САД, селектор му беше татко му Боб Бредли. Го сметаат за наследник на Клинт Демпси.
Обафеми Акинвунми Мартинс - Сиетл Саундерс (МЛС)
„Можам да кажам дека сум играл во најдобрите лиги на светот. Ми фали само уште француското првенство. Многу сум задоволен со тој податок. Ако ме гледате на фотографиите во сите клубови ќе ме видите среќен. И сега сум среќен во Сиет. Таков ми е карактерот, сакам да менувам тимови".
Името Обафаеми во Нигерија значи Кралот ме сака и сигурни сме дека го сакаат и навивачите на Интер кои ги купи со неверојатната прослава на головите кога правеше салта. Мартинс е оженет со сестрата на Марио Балотели, Абигел Барвуа, позната по учеството во реалното шоу Остров на познатите. Мартинс на времето играше во Реџана а за Интер потпиша во 2001. година и стана легенда со 28 голови на 88 натпревари.
Милош Красиќ - Лехиа Данжица (Екстракласа Полска)
„Кога не се игра секогаш е крив тренерот, но сакам да ја прифатам својата одговорност. Кога еден играч тренира добра, игра редовно. Ако Конте не ме става, значи дека има добра причина за тоа".
Ако ве интересира, Екстракласа е првата полска лига. А тој, Furia Serba како го викаа по прекарот на Недвед Чешката фурија денес вреди 500.000 евра на пазарот. Во јануари 2011 година Јувентус за него плати 20 милиони евра. Навивачите на Јувентус го паметат по голот против Лацио, но и по глумењето пенал во Болоња кога доби црвен картон и беше казнет три натпревари. Пеналот досуден за Јувентус намерно го промаши Јакинта од фер плеј.
Красиќ има освоено скудето со Јувентус, 2 првенства во Русија со ЦСКА Москва и 1 Куп на Уефа. Денес го носи дресот на стадионот Арена Гдањск.