Откако во летниот преоден рок од звучните засилувања ги доведе само напаѓачот Мората од Реал Мадрид и Патрис Евра од Манчестер , спортскиот директор на Јувентус, Бепе Марота по секоја цена сака да потпише договор со бразилскиот дефанзивец од Бенфика, Луизао.
Луситанскиот клуб во два наврати ги одби понудите на Јувентус, но актуелниот италијански шампион како да не може да се помири со тоа, па решил по заобиколен пат да го купи долгогодишниот стопер на тимот од „Луж“.
„Престанете да преговарате со агентот на нашиот капитен Луизао, во спротивно ќе ве тужиме во ФИФА“ – стои во писмото потпишано од претседателот на Бенфика, Луис Фелипе Виера.
Веста за писмото стигна од португалскиот спортски медиум„О Жого“, кој редовно цитира извори од Бенфика.
Имено, следниот чекор на „орлите“, доколку Јуве не ги прекине преговорите ќе биде тужба, според параграфот 3 од членот 18 во правилникот на ФИФА кој вели дека „за трансфер на играч еден клуб треба да преговара најпрво со клубот на играчот, па дури потоа со неговиот агент и самиот играч“.
Португалскиот медиум тврди дека во случај „Старата дама“ да не отстапи од намерата да го купи Луизао, на Јуве му се заканува одземање на бодови во европските натпреварувањата.