Старата Дама вечерва му гостува на Каљари во 30-то коло од Серија А, а публиката на Сардинија за среќа или за жал нема да го види Кристијано Роналдо во живо, нешто што скоро сите навивачи го чекаа каде што гостуваше Јуве сезонава.
Освен светската мега ѕвезда, во напад ќе го нема ниту Дибала кој се повреди на загревање пред мечот со Емполи, како и Манџукиќ кој ќе паузира поради настинка.
Алегри поради повреда не ги повикал ниту Перин и Спинацола, а тоа значи дека во пресрет на незгодното гостување, листата на повредени му е долга.
Незгодно поради тоа што Каљари е во серија од четири победи во низа, а со идентични 2:1 дома ги намачка Фиорентина и Интер.
Ситуацијата го натера Масимилијано да смислува нов напад, па покрај Бернандески и 19 годишниот Мојс Кин, го повика и 20 годишниот Англичанец Стефи Мавидиди кој е член на У23.
По вечерашниот меч од Серија А, Јувентус во сабота, па во среда има два тешки натпревари, прво дома со Милан, па на гости со Ајакс.
Кој од што е повреден и кога се враќа:
Хуан Квадрадо: Операција на колено
Кам бек: 7-10 дена
Сами Кедира: Операција на срце
Кам бек: Можеби против Милан
Андреа Барцаљи: Проблем со мускулот
Кам бек: Непознат
Даглас Коста: Проблем со мускулот
Кам бек: Можеби против Ајакс
Кристијано Роналдо: Истегнат мускул
Кам бек: Можеби против Ајакс
Пауло Дибала: Проблем со мускулот
Кам бек: Со Ајакс
Матија Перин: Проблемот со грбот
Кам бек: Со Ајакс
Леонардо Спинацола: Повреда на коленото
Кам бек: 10-15 дена
Марио Манџукиќ: Настинка
Кам бек: Со Милан
Оди кажи дека пак не се јаки