Јунакот на Ирска кој за 72 часа даде 5 тола

Мундијалските квалификации донесоа драма и пол во групата Ф, каде Ирска покажа дека нема отпишани, се додека постојат шанси. Аеродромот во Даблин за момент го прекрстија во Трој Парот.

Кој е Трој Парот? Мангуп, кој успеа да им го држи сонот на Ирците жив, а тоа е пласман на Светско, после долга пауза. Последен пат беа учесници во 2002-ра и имаат уште две учества, 1990 и 1994.

Единствениот начин за Ирска да заврши втора во група и да обезбеди бараж, се засноваше на многу тешко сценарио. Триумф дома над Португалија, па гостинска победа над Унгарија.

Им успеа и тоа благодарение на Парот кој за четири дена успеа да постигне 5 гола, два против Португалија за триумф од 2:0 и синоќа хет-трик во Будимпешта за сензационален пресврт од 2:3, остварен во 96-та минута.

Инаку Трој Парот е 23 годишен напаѓач роден во Даблин, кој од лани игра за АЗ Алкмар. Претходно одеше само на позајмици, во Ипсвич, Милвол, МК Донс, Престон Норт Енд и Екселсиор.  

Погледнете каква фотографија објавија на официјалниот сајт на аеродромот во Даблин. 

На Собослаи, нема да му текне пак.

Унгарија е во шок, остана без бараж во 96-та минута

 

17 ноември 2025 - 08:56