Немилиот настан се случи на средбата помеѓу Белененсес и Порто кога при еден центар шут на гостите голманот во обид да боксува, му нанесе силен удар на Нану кој се струполи на земја.
Играчите забележаа дека ситуацијата е сериозна и почнаа панично да мавтаат со раце да дојде брза помош. Серџо Консенсиао бесно влета на терен да се расправа, а Пепе плачеше од страв што ќе биде со неговиот колега.
Нану беше пренесен во болница, а играчите на Порто беа во шок и едвај продолжија да играат. Од лекарскиот тим на заминување рекле дека му се вратила светска и дека ќе биде добар.
— FC Porto da Depressão 🔥🐲 (@porto_depre) February 4, 2021
Од Порто соопштија дека Нану има потрес на мозокот и повреда на 'рбетниот мозок. Во моментов тој е стабилен, свесен и е веќе ориентиран во времето и просторот.
Força Nanu. Rápidas melhoras 💪
— FC Porto (@FCPorto) February 4, 2021
ℹ Nanu teve uma concussão cerebral e traumatismo vértebro-medular com perca de conhecimento. Neste momento está estável, consciente e já está orientado no tempo e no espaço#FCPorto #BFSFCP pic.twitter.com/FmTZZwZ2Qm
Натпреварот беше продолжен 18 минути и заврши без голови.