Осијек летово направил одлична реорганизација, атмосферата околу клубот е супер а навивачите го исполннуваат стадионот „Градски врт“. Ништо чудно да им ги замрсуваат сметките на Динамо и Ријека сезонава. На последниот меч минатиот викенд против Локомотива Загреб, Харис Хајрадиновиќ со два гола им донесе победа и нови три бода.