Таг: Осијек

Португалец од Осијек се кандидираше со гол на сезоната во Хрватска

По големиот гостински триумф во ЛШ против Салцбург, Динамо Загреб се соочи дома против Осијек со дебакл од 2:4. Внимавајте добро на ремек делото на 33 годишниот Хернани, кој имаме привилегија да го погледнеме од повеќе агли. Мајсторов има играно во Порто и да, сонародник му е на Кварезма.

Чудесниот гол на Хајдук од мртов агол

Хрватите ја отворија сезоната, а викендов се играа натпреварите од 2. коло. Осијек го доби Хајдук на гости со 1:2 и тоа со пресврт, а потегот на мечот го има Марко Ливаја кој го отвори резултатот со ретко видена мајсторија, која е уште послатка кога се гледа од навивачки агол.

Спектакуларен волеј удар во Хрватска

Унгарецот Ласло Клајнхајслер од Осијек демонстрираше редок вид на волеј удар, кој вака на око ни личи дека е исклучително тежок да се изведе во трк. Браво мајсторе, врвна мајсторија.

Навивачите кои викендов се фатија за лопата

Во изминатиов снежен викенд, некои клубови имаа двојна корист од одредени навивачки групи. Освен што се задолжени да ја стоплат атмосферата со песна, беа љубезни и вредни, па помогнаа да се подобрат условите за игра. Ама не сите.

Навивачите на хрватски Осиек сами го исчистија теренот и стадионот

Осијек важи за најпријатно изненадување во хрватскиот фудбал. Во моментов се втори на табела зад лидерот Динамо Загреб. За денес од 13 часот беше закажан мечот на Осијек со Интер Запрешиќ, но теренот на стадионот „Градски врт“ бил пренатрупан со снег па одигрувањето било под знак прашалник. На крај навивачите од групата „Кохорта“ решаваат да се фатат за лопата, па средбата се одигрува нормално и домаќинот слави 6-0.

Неготинецот кој играше во Хрватска и им јавувал на другарите што да играат

Хрватите не може да се пофалат со преполни стадиони, ама затоа меѓу оние кои го следат домашното првенство има и енциклопедии кои го паметат и Горан Тодорчев, Неготинецот кој граше за Осијек и Интер Запрешиќ.

Голот на колото во Хрватска - милина за око

Осијек летово направил одлична реорганизација, атмосферата околу клубот е супер а навивачите го исполннуваат стадионот „Градски врт“. Ништо чудно да им ги замрсуваат сметките на Динамо и Ријека сезонава. На последниот меч минатиот викенд против Локомотива Загреб, Харис Хајрадиновиќ со два гола им донесе победа и нови три бода.

Шест и пол години затвор за Здравко Мамиќ!

По разни перипетии, одлагања, исфрлање од судница и напорни рочишта, човекот кој жареше и палеше со хрватскиот фудбал е осуден на затворска казна заедно со неговиот брат.

Кога филологот е пис на јазик

Aко сте помислиле дека меѓу нашите професори има дрски, а дека кафанските вербални дуели се врв на софистицираност во споредба со стилот на некои академски преписки, прочитајте што се случува во Хрватска. Стварно нема смисла во сè да се пред нас!