Голот мора да е преубав штом Биелса доаѓа да ти честита

Соиграчот на нашиот Езџан Алиоски од Лидс, центарфорот Патрик Бамфорд постигнал ефектен гол на тренинг а на тренерот Биелса толку му се допаднал потегот што истрчал да го прослави со Бамфорд.

El Loco („Лудиот“) прави одлични резултати со некогашниот учесник во Лига на шампиони. После 17 кола во Чемпионшип Лидс Јунајтед е трет со само 3 бода зад лидерот Норвич.