Ова што му се случи на Туре, сигурно не го очекувал ниту на сон. Пред само пет дена заигра за неговиот нов клуб Аделејд Јунајтед и стана втор најмлад играч во клубот и трет најмлад кој настапил во австралиската прва лига.
Изјави дека е пресреќен за привилегијата која му се укажала уште на старт, но само пет дена подоцна му се случува она најјакото, како на филм. Втор меч и гол.
Историјата во австралискиот фудбал се случи денес на мечот Аделејд Јунајтед - Сентрал Коуст Маринерс во 84-та минута за конечни 2:0. Малиот има 15 години и 325 дена.
Директорот на клубот е свесен за талентот кој го поседува, но посочи дека треба да внимава и на школото.
He's fifteen. Fifteen. 😳
— Hyundai A-League (@ALeague) February 14, 2020
🎥: @FOXFOOTBALL#ADLvCCM #ALeague pic.twitter.com/NAqeHJrLKi
Со оглед на возраста, Мохамед нема професионален фудбалски договор, туку договор за стипендија.
Најмлад стрелец во ЛШ на пример е Ансу Фати од Барса кој пред два месеци на Интер му даде гол на 17 години и 40 дена. На Светско првенство рекордот го држи Пеле од 1958 кој погоди против Велс со 17 години и 239 дена.