Италија 1958
50-те години беа најцрниот период за италијанскиот фудбал во меѓународни рамки. Земјата во 1949 година ја претрпе најголемата човечка загуба во спортот кога во авионска несреќа загина речиси целиот тим на Торино. И покрај тоа јавноста очекуваше пласман на Светското во Шведска во 1958 година, но поразот на последниот меч од Северна Ирска беше неприфатлив за цела нација која ја дочека следната победа дури во 1960 година.
Англија 1974
Во периодот од 1970 до 1980 година селекцијата на Англија не успеала да се пласира на ниту едно континентално натпреварување што претставувало катастрофа за оваа фудбалска нација која ја прослави титулата светски шампион во 1966 година. За пласман на Мундијалот во Западна Германија, Англичаните требале на последниот меч да триумфираат против Полска, но мечот завршил 1:1 благодарение на голманот Јан Томашевски кој правел чуда на голот.
Холандија 1986
По разочарувањето на холандската јавност која очекуваше златен пехар во големото финале против Аргентина во 1978 година кое го добија „Гаучосите“ со 3:1, Холанѓаните очекуваа врвни резултати од новата млада генерација фудбалери како Ван Бастен, Рајкард и Гулит. Но двобојот против соседот Белгија во плејофот се покажал како пресуден за „Лалињата" кои не успеале да се пласираат на СП Мексико.
Португалија 1998
Златната генерација на Португалија со Фиго, Руи Коста и Жоао Пинто имаше одлична шанса по онаа предводена од легендарниот Еузебио да оствари значајни резултати за оваа земја. Но како и во 1990 и 1994 година, Португалците не успеаа да обезбедат пласман на СП во соседна Франција. Завршија во квалификациската група зад Германија и Украина, а на гостувањето во Берлин кое заврши без победник имаше и контроверзни одлуки на судиите кое му дадода сомнителен црвен картон на Руи Коста.
Југославија 1994
Четвртфиналистот од Мундијалот во Италија 1990 имаше многу силна селекција која можеше да постигне и уште поголеми резултати на Светското во САД по четири години. Но Југославија се распадна со војна и се соочи со суспензија, а генерацијата предводена од Драган Стојковиќ Пикси, Ѕвонимир Бобан, Дејан Савичевиќ, Давор Шукер, Дарко Панчев, Синиша Михајловиќ, Роберт Просинечки и Среќко Катанец остана без учество на најголемиот платнетарен собир.
Франција 1994
Репрезентацијата на Франција која четири години подоцна стана светски шампион на свое тло, направи голема бламажа пред својата публика. Во составот ги имаше Папин, Кантона, Дешамп, Десаи и уште многу големи фудбалски имиња, но на последните два меча во квалификациите загуби на домашен терен од Израел и Бугарија и тоа со примени голови во последните мигови од средбите.
Холандија 2002
Давидс, Сидорф, Нистелрој, Овермар и Стам се доволни имиња за да се потсетиме како изгледаше составот на Холандија пред десетина години. Но овие фудбалерите доживеаа пораз на клучниот меч од Ирска во Даблин од 1:0 и останаа без Светско првенство. Тогашниот селекторот Луис Ван Гал, сега повторно е на кормилото на селекцијата која без проблеми обезбеди пласман на СП во Бразил.