Дионисио Фарид Родригез е топ тема во Мексико и тој се најде на сите насловни страни, ама не за нешто убаво, туку затоа што го открија дека е лажго број 1 и тоа пред илјадници деца.
Овој 20 годишник веќе некое време глумел лудило дека е дел од тимот на Јувентус за играчи до 21 година и не само тоа, туку дека е многу блиску до повик во првиот тим заедно со Кристијано Роналдо.
Лажната приказна до толку ја развил, што на Инстаграм собрал преку 16.000 следбеници, а давал и интервјуа и објаснувал како е да се живее во Торино. Се пофалил и дека во првата сезона за Јуве У-21 постигнал 10 гола.
Родригез исто така на својот профил редовно објавувал слики од тренинзите во Јувентус, а комуницирал и со своите фанови.
Фарид лажгото повеќе не е претставен од медиумите како Бјанконеро, туку како лажен Бјанконеро кој ја имами цела јавност, а пред сè деца кои чекаа на ред за да се сликаат со него.
Откако му ја открија преварата, утврдено е дека Мексиканецот крадел фотографии од играч по име Жоау Серау кој е дел од Јувентус У-21, а се испоставило дека Фарид настапува за мексикански нисколигаш.
Во секој случај дечкото бил упорен и очаен.
🇲🇽 ¿Y VOS QUIÉN SOS?
— T R I B U N A S (@Tribunasnet) October 10, 2018
Dionisio Farid #Rodríguez, el joven impostor mexicano que da charlas diciendo ser jugador de la @juventusfc.
Conocé a este personaje en:https://t.co/RuaqNHFSaJ pic.twitter.com/TMfnL7IezC
La increíble historia de Dionicio Farid Rodríguez, un mexicano de 19 años que se hizo pasar por futbolista profesional de la Juventus. Se inventó partidos y goles con la Vecchia Signora en la Sub-20 y hasta en partidos de Champions League juveniles. En Italia nadie lo conoce. pic.twitter.com/Fe44GdoBhM
— SoyReferee (@SoyReferee) October 10, 2018