Македонскиот репрезентативец Еџзан Алиоски го постигна својот прв погодок за Лидс сезонава. По асистенцијата за 1-2 на гостувањето кај Дерби чиј тренер е Лампард, Алиоски даде убав гол со глава за 1-4 и три бода за тимот на Марсело Биелса.
Пред голот, Алиоски во 21’ минута прекрасно асистираше до Руф:
Ова е втор меч за Лидс сезонава. На отворањето го совладаа Стоук со 3:1 и после две одиграни кола имаат гол разлика 7:2 и 6 освоени бода под водство на легендарниот Биелса.