Европските селекции кои се најблиску до Мундијалот во Русија

Швајцарија и Србија се изненадување на лидерските позиции, бранителот на титулата гази убедливо со 20 гола на 5 меча, а Холандија е целосно изгубен случај и можно е да ја нема меѓу учесниците на две големи натпреварувања по ред.

Квалификациите за Светското првенство 2018 се точно на пола и остануваат уште пет кола до крајот. За потсетување директно на Мундијалот ќе патуваат лидерите од деветте групи, а најдобрите осум второпласирани ќе играат во бараж. Со исклучок на Лалињата нема друга звучна репрезентација која е блиску до фијаско, а Германија и Швајцарија газат беспрекорно.

ГРУПА А

Со лесните три бода на гостувањето против Луксембург, Французите очекувано ја држат лидерската позиција во групата А. Холандија имаше непријатен пораз од Бугарија по кој падна на четврто место, а втора во моментов е Шведска.

ГРУПА Б

Ако главната битка во А групата ќе биде борбата за второто место, во оваа група таа ќе се води за тоа кој ќе биде лидер. Швајцарците ги почнаа квалификациите со победа дома против Португалија, потоа на гости против Унгарија и со триумфот овој викенд над Латвија се беспрекорни со 5 од 5. Како стојат работите ништо чудно клучниот меч за првото место Швајцарија и Португалија да го играат во нивниот реванш кој е закажан во последното коло на 10 октомври.

ГРУПА Ц

Бранителот на титулата го прими првиот гол во оваа петто коло на гости од Азербејџан. Оваа конкуренција за нив е смешна, така што Северна Ирска и Чешка останува да се борат за позицијата број 2.

ГРУПА Д

Откако го пропуштија Мундијалот во Бразил, ова е златна шанса за Србите да се вратат на големите натпреварувања. За сега по пет кола се движат добро без пораз, но со исти апетити и идентичен број на бодови е и Република Ирска.

ГРУПА Е

Гостинскиот триумф на Полска над Црна Гора веќе јасно ги покажа нивните амбиции за директен пласман во Русија. Неизвесноста на втората позиција во оваа група во моментов изгледа најголема.

ГРУПА Ф

Нешто слично се случува и во оваа група каде според моменталната бодовна ситуација четири екипи имаат шанси за второто место. Англичаните не се убедливи како Германците и постигнуваат по два гола во просек, но се единствена земја без примен гол и тешко дека ќе ја испуштат лидерската позиција.

ГРУПА Г

Уште кога се извлече ждрепката во групата каде се најде Македонија, јасно беше кои две земји ќе се издвојат на врвот. Нивниот прв дуел заврши без победник, а реваншот кој е закажан на 2 септември во Мадрид веројатно ќе биде клучен за прво место.

ГРУПА Х

Белгија, Грција и БиХ се очекува до последно коло да водат битка за првите две позиции во групата, но со оглед на квалитетот, тука фаворит број 1 за директен пласман е Белгија, најефикасната репрезентација по првите пет кола.

ГРУПА И

Хрватите заедно со Германија и Англија се трите селекции со најдобрата одбрана до сега и според играчкиот кадар во селекцијата очекувано се лидери на табелата. Изненадувањето од ЕП 2016, селекцијата на Исланд нема да се предаде, а во игра се и селекциите на Турција и Украина.

27 март 2017 - 12:23