Момент од мечот Ротерам - Норич (1:2) во англискиот Чемпионшип. Домашниот десен бек Весли Хардинг пробува да изведе аут ама топката му лизга од раце зошто е мокра. Од позади еден гледач решава да му помогне. И нормално сето тоа пропратено со аплауз на отворена сцена.