За 11 годишниот навивач, Џеј Бити и неговиот идол Самарас најпрво пишувавме за време на Мундијалот во Бразил, но детето кое е редовен гледач на натпреварите на Селтик повторно е хит овие денови во Шкотска.
На мечот меѓу Хамилтон и Селтик, му беше овозможено да се симне на терен и да изведе удар од белата точка, но тука не заврши приказната. Шкотската фудбалска федерација неговиот погодок го смести во изборот за гол на месец јануари.
Во резултатите од гласањето во кое учествуваа повеќе атрактивни голови, Џеј Бити не само што победи, туку освои 97% од вкупниот број на гласови.
Голот на Џеј
Грчкиот напаѓач Самарас му испрати специјален поздрав за победата од Саудиска Арабија, каде игра на позајмица.