Ли Чапман беше само момче од големата толпа во градот кој се радуваше на историската прва титула на Лестер, но тој се разлика од другите навивачи само по една работа. Исто е во суратот како Џејми Варди.
Кога автобусот се пробиваше по гужвите за да стигне на ручек и да го одбележи првото славје на титулата, ден после ремито меѓу Тотенхем и Челси, Ли ја имаше таа среќа да се качи со нив само тоа што личи на ѕвездата на англискиот шампион.
Тој работи како поштар, но компанијата му даде 6 месечен одмор затоа што доби многу обврски од Лестер. 29 годишниот навивач на Лестер ќе глуми Варди и ќе учествува на разни промоции и хуманитарни акции за кои го ангажираше агенција.
„Отсекогаш сум бил голем фан на Лестер, но сега ми престојат 6 месеци голема забава и многу сум среќен поради тоа. Ме фатија на камера на мечот против Свонси 4:0 и сè почна од таму. Потоа давав интервју пред стадионот Кинг Пауер, а потоа автобусот на Лестер застана и ме собра.“
Ли присуствуваше на ручекот со целиот тим, а почнаа и да го канат на тв емисии. Има разни понуди за телевизиски шоу вклучително и понуда за учество на Големиот Брат.
Кога го прашаа за сликата во автобусот каде е сликан со својот идол, тој одговори:
„Посакувам на бидам тој од лево“.