Доделена 10-та на Меси во Барселона

18-годишниот Ансу Фати, центарфор на Барселона, го доби бројот 10 кој речиси две децении го носеше најголемиот фудбалер на сите времиња. И покрај барањата на дел од навивачите бројот 10 да се тргне од употреба и да се стави во вечноста во чест на Меси, клубот му го додели на Ансу Фати.

Ансумане Фати е дете на Барселона. Дебитираше за прв тим во август 2019. и досега постигна 13 гола и 5 асистенции на 43 меча. Поради сериозна повреда не игра уште од ноември 2020-та. Иако од управата порано сезонава соопштија дека никому нема да ја даваат 10-та, сепак сменија уште една одлука и по којзнае кој пат го погазија зборот летово:

 

1 септември 2021 - 13:48