Македонскиот репрезентативец Стефан Спировски ја начна мрежата во унгарското првенство. Ференцварош славеше 2:0 против Диосѓер, а тој го постигна вториот погодок на средбата. Спировски го напушти Вардар по двомечот со Фенербахче во плејофот од Лига Европа.