
Пред почетокот на натпреварот, Де Брујне (33) со своето семејство, сопругата и децата излезе на теренот на кој беше направен спектакуларен шпалир за него. Цел „Етихад“ скандираше „Кевин Де Брујне“!
Белгискиот репрезентативец и долгогодишен капитен на Сити одигра преку 400 натпревари за „граѓаните“, постигна 108 гола и имаше 177 асистенции.
Пеп Гвардиола го извади од игра во 69-та минута за Кевин Де Брујне пак да добие овации од цел стадион, а и самиот тренер на Сити беше емотивен.
Соиграчите го фрлаа во воздух после победата 3:1 над Борнмут:
Веќе има статуа која ќе биде поставена пред стадионот „Етихад“ за една од најголемите клупски легенди во историјата на Манчестер Сити: