Шевролет моментално е официјален партнер на англискиот фудбалски гигант, а официјален спонзор на клубот се согласи да стане од сезоната 2014/2015. По тој повод целиот состав се вози со оваа марка на автомобил.
Патрис Евра, Џони Еванс, Антонио Валенсија и Том Клеверли се одлучија за моделот Шевролет Камаро, а Хавиер Хернандес сакал да се разликува од своите колеги и одбрал Шевролет Корвета.
Малер во оваа ситуација испадна ветеранот Пол Сколс кој пред две недели на многу наивен начин остана без својот автомобил Шевролет Естејт вреден 40 илјади фунти. Откако го запалил моторот и почекал да му се одмрзнат стаклата, влегол накратко во својот дом, но кога се вратил крадците веќе си ја завршиле работата.
Интересно е што Сер Алекс Фергусон кој е познат како строг тренер и кој често пати им се меша на своите фудбалери и во приватниот живот, забранил играчите кои имаат под 23 години да возат спортски модел на Шевролет.