Црвен картон за аматерски потег

Дефанзивецот Паулао од бразилскиот второлигаш Моги Мирим каде игра Ривалдо, го доби најглупиот црвен картон во фудбалот. Во прво полувреме го носел дресот со број 4, а во второ се појавил со број 3, исто како и неговиот колега Фабио Санчез. Паулао кој веќе имаше еден жолт картон, доби втор за глупоста, а неговиот тим загуби 3:2 со гол во 93-та минута.

29 јули 2015 - 13:31