Челси одржа час по фудбал и се пласираше во големото финале

Откако првиот меч во Мадрид заврши 1:1, вечерва на „Стемфорд Бриџ“, Челси го совлада Реал со 2:0 и заслужено ќе игра во големото финале на Лига на шампиони против Манчестер Сити.

На 29 мај во Истанбул на велелепниот стадион „Кемал Ататурк“ за највредниот трофеј во европскиот клупски фудбал ќе играат англиските гиганти Манчестер Сити и Челси, најверојатно пред ограничен број на гледачи.

Клубот од „Стемфорд Бриџ“ ќе игра за својот втор пехар во елитното натпреварување, а Сити ќе се бори за прва титула во Лигата на шампионите.

Полуфинале Лига на шампиони, резултати:

ЧЕЛСИ - РЕАЛ МАДРИД 2:0 (1:0) вкупен резултат 3:1
/Вернер 28', Маунт 85'/

5 мај 2021 - 23:03