Бразилскиот Претседател Дилма Русеф денеска одржа говор и прв ја шутна топката на последниот од шесте нови стадиони кои ќе бидат наменети за Купот на Конфедерации од 15 до 30 јуни, а потоа идното лето и за Мундијалот.
Русеф ја отвори арената Пернамбуко со капацитет од 46.000 седишта, а пред само неколку дена беше отворен и најскапиот стадион кој се наоѓа во главниот град Бразилија и кој чини 590 милиони долари. Според бразилските медиуми додека го тестирале со два локални тима од Бразил, во еден од 309-те тоалети имало поплава.
Само два стадиони Бразил успеа да ги заврши до месец декември, кога беше и крајниот рок поставен од страна на ФИФА, а најголем проблем имаа со стадионот во Сао Паоло каде работниците штрајкуваа поради неисплатени хонорари.
Град: Бело Хоризонте
Стадион: Минеирао
Капацитет: 62.547
Град: Бразилија
Стадион: Национал
Капацитет: 70.064
Град: Форталеца
Стадион: Кастелајо
Капацитет: 64.864
Град: Речифе
Стадион: Пернамбуко
Капацитет: 44.248
Град: Рио де Жанеиро
Стадион: Маракана
Капацитет: 76.804
Град: Салвадор
Стадион: Фонте Нова
Капацитет: 55.000