Бојан Миовски во тимот на колото во шкотска Премиерлига

Дваесет и три годишниот Штипјанец е најголемиот хит меѓу македонските фудбалери летово. Тој го привлече вниманието на јавноста со интересен трансфер во голем шкотски клуб за само неколку недели изгради реноме на врвен стрелец.

Македонскиот репрезентативен центарфор Бојан Миовски одлично ја стартуваше авантурта во шкотската Премиерлига и со два гола беше главен играч во триумфот на неговиот нов клуб Абердин од 4-1 против Сент Мирен.

Миовски стрелаше од пенал и од игра, а учествуваше и во акцијата која му претходеше на прекрасниот еврогол на соиграчот Кларксон.

Реномираниот сајт Whoscored.com во тимот на колото го стави и Штипјанецот кој доби сигурно место во нападот заедно со Жота од Селтик и Тилман од Ренџерс.

Миовски шанса за нов погодок ќе има викендов кога во третото коло од шкотската Премиер лига Абердин ќе го пречека Мадервил на свој терен.

Навивачите на популарните „донси“ веруваат дека Миовски и другарите можат да одиграат одлична сезона и да се изборат за место во некој еврокуп за следната сезона.

9 август 2022 - 12:13