Македонската фудбалска репрезентација во женска конкуренција синоќа на Градски загуби 7:0 од Франција во рамките на квалификациите за ЕП. Во контекст на темата, една мизерна вест од нашиот женски фудбал.
Ширет Браими е поранешна репрезентативка на Македонија, која ја носеше капитенската лента и беше прогласувана за најдобра наша фудбалерка.
На клупски план има играно во квалификации за Лига на шампиони, а кариерата ја заврши со над 10 трофеи. Се пензионираше пред пет години поради лошата финансиска ситуација во женскиот фудбал во Македонија.
Но кај нас не знаеш што е полошо, дали да бидеш дел од фудбалот или подалеку од него. Сега работи како чистачка за да спечали за леб, бидејќи од функцијата која и ја дале во репрезентација не може да преживее.
Дојдов во ситуација да морам да чистам по куќи за да преживувам. По потреба, работам и како бебиситерка. Многумина ме препознаваат, ме прашуваат што се случило.
Назначена сум за помошен тренер во репрезентацијата до 15 години. Но, таму има собири на секои три месеци, а хонорарот е 50 евра. Што попрво да правам со тие пари?
Целата сторија на Спорт 1, преземена од news-tv.mk