Албанија добива три бода од мечот со дронот во Белград

Судот за спортска арбитража во Лозана ја прифатил жалбата на албанскиот фудбалски сојуз и ќе го регистрира мечот меѓу Србија и Албанија во корист на гостите. Тоа го потврди и албанскиот премиер Еди Рама на својот Твитер профил.

Фамозниот натпревар во Белград кој ќе остане запаметен по дронот и инцидентите добива нова димензија. Откако УЕФА најпрвин одлучи на Србија да ѝ додели 3 бода, па да ѝ ги одземе поради тоа што навивачи влегоа на терен страстите делумно се смирија.
 
Сепак, арбитражниот суд во Лозана во минатото често знаел да оспори или смени некоја одлука на фудбалските федерации или некои други институции, па така се очекува и сега да ја смени одлуката на УЕФА, пишуваат данските медиуми.
„Судот за спортска арбитража и порано менуваше одлуки на надлежните сојузи. Факт е дека над теренот се појави дрон со знаме кое ги испровоцира Србите. Меѓутоа знамето никого не повреди или директно не нанело штета. Факт е исто така и дека српските навивачи влегоа во теренот и ги нападнаа албанските играчи. ЦАС (судот во Лозана) ќе биде остар“, пишуваа данскиот Екстрабладет.дк.

Албанскиот премиер Еди Рама на својот Твитер профил:

„Супер! Еве ја европската правда! Три бода од мечот со Србија во Белград ќе ѝ бидат доделени на Албанија“

На Твитер се огласи и албанската фудбалска федерација:

„CAS службено ни додели 3 бода“

Во квалификациска група за ЕП2016 со Србија и Албанија се уште и Португалија, Данска, Ерменија и Франција со тоа што Французите играат само пријателски средби со другите селекции, затоа што ќе бидат домаќини на првенството.
 
Конечната одлука на Арбитражниот спортски суд во Лозана ќе биде донесена во сабота на 11. јули, кога Албанија би можела да добие големи 3 бода и да се израмни по бројот на бодови со второпласираната Данска. Србија и дефинитивно би се простила од пласманот на Европско затоа што ќе има само 1 бод после 5 натпревари.

Да се потсетиме што се случуваше на дуелот Србија - Албанија во Белград:
10 јули 2015 - 11:53