Ако ви е до Куп, а ќе ви биде

По 9-10 месеци стандарден првенствен фудбал ќе има на што да се радуваме и викендов. Па да се договараа клубовите и федерациите меѓусебе, немаше да има толку финалиња во два дена. Победникот во националниот куп ќе се решава во топ 5 лигите, а на сцена ќе се појават екипишта.

ФА Куп
По пауза од 2007-ма, Манчестер Јунајтед ќе игра финале во престижниот ФА куп кој го има освоено 11 пати, а рекордер е Арсенал со 12 трофеи. Ако не победат тоа ќе биде прв пат по периодот меѓу 1985 и 1990 кога беа најдолго, 5 години без трофеј. Овие две екипи се имаат сретнато два пати во ова натпреварување, финале 1990 и полуфинале 1995. И двете средби ги добија Црвените ѓаволи. На последните 20 меѓусебни дуели Јунајтед има само еден пораз од Кристал Палас, а тоа се случи во Лига Купот во 2011-та. За Кристал Палас ова е историска шанса да стигнат до прв трофеј и први квалификации за Европа.
 
 
Германски Куп
Првите се рекордери со 17 освоени Куп трофеи, а вторите имаат само 3 (1965, 1989 и 2012). Во нивните 8 меѓусебни дуели во Купот, Баерн има 5 победи, Борусија 2, а еден меч завршил нерешено. Баварците се во обид да стигнат до двојна круна трет пат во четири сезони, а Борусија е првиот германски клуб кој игра некакво финале во последниве пет години. Последните три ги загуби.
 
 
Италијански Куп
Историјата вели 8:7 за Јуве во Купот на Италија и 7 нерешени средби, што е доказ плус за неизвесноста на дуелите помеѓу гигантите од Италија. Јувентус важи за фаворит поради поголемиот квалитет на тимот и доминацијата во италијанскиот фудбал каде владее со 5 титули по ред, но Милан ќе бара мотивации во Лигата на Европа која ќе и биде обезбедена во случај на триумф, згора на се 5 години се без трофеј.
 
 
Француски Куп
Трофејот во Купот на Франција го бранат фудбалерите на ПСЖ кои имаат 9 трофеи и со вечерашен триумф би го стигнале рекордерот Марсеј кој последен пат го освои пред 27 години. Олимпик Марсеј заврши на 13 позиција во првенството, што е нивни најлош пласман по 2001-ва, а силите ќе ги одмери со шампионот на првенството кој важи за фаворит.
 
 
Копа дел Реј
Дуел на шампионот на Шпанија против шампионот во Лига Европа. Каталонците имаа одиграно 37 финалиња во Копа дел Реј и 27 трофеи, а Севиља има пет од седум. Последното го играа на Камп Ноу против Атлетико Мадрид и го добија со 2:0. Барселона и Севиља ја почнаа сезоната во Супер Купот кое го доби Барса на пенали, а ова ќе им биде прво финале во овој Куп.
 
 
Ако ви се малку овие пет финалиња:
 
Португалски Куп
Шкотски Куп
ГЛАЗГОВ РЕНЏЕРС - ХИБЕРНИАН (сабота 16:00)
Украински Куп
ЗОРИЈА - ШАХТЈОР (сабота 16:00)