Во неделата вечер се играло големото дерби меѓу Серо Портењо и Олимпија Асунсион кое завршило 2-2. Натпреварите меѓу овие два клуба важат за најголеми во Парагвај затоа што Олимпија има 41 шампионска титула а Серо 32 и тоа се двата најтрофејни клуба во оваа јужно-американска држава.
Чудо се случило кога 14-годишниот Фернандо Олевар се нашол на теренот од почеток во стартниот состав на гостите. И за чудото да биде поголемо, во само вториот настап за сениорскиот состав, Олевар после 5’ минути игра, дал гол и ги фрлил во еуфорија навивачите на Серо Портењо:
Фернандо Олевар со 14 години, 9 месеци и 27 дена е најмладиот играч во историјата на парагвајскиот и јужно-американскиот фудбал кој постигнал гол. Роден е во 2004 година а веќе игра на највисоко ниво со противници и соиграчи постари по 10-15 години.
Олевар дебитирал во првата лига на 3 февруари годинава на мечот против Сиклон.Тој е син на некогашниот парагвајски репрезентативец Херонимо Овелар кој играл за Серо Портењо од 1977 до 1981 а ја освоил Копа Америка со Парагвај во 1979.
На крајот мечот завршил 2-2 и со овој бод Олимпија останала прва со 7 бода предност во однос на најголемиот ривал Серо Портењо.
Стадионот „Генерал Пабло Рохас“ на кој се прослави малиот Фернандо Олевар чиј развој на кариера треба да се следи будно: