Off Topic

Кога државник си ја почитува земјата, и империите знаат да се повлечат

Да ви раскажеме една епизода од богатиот политички и државнички живот на Ли Куан Ју, човекот кој се смета за татко на модерниот Сингапур која објаснува зошто тој се смета за еден од најголемите државници во 20-тот век. Личниот интегритет на еден лидер не е само квалитет кој важи за него, тоа е и капитал кој тој го вложува во градењето доверба и долгорочна успешност на една нација.  

Што се мисли таа Каталонија?

Во Каталонија (формално, Шпанија) некој продава имот со куќа, лозје и пар дребулии. Цената е мрсничка, 825.000 евра, но, почекајте ви кажеме што сè следува во таа цена па подоцна сами направете споредба со цените во Скопје и другите наши „велелепни“ средини.

И за висината ли лажеше бе, стари?

На њујоршката возачка дозвола од 2012 година, на негова 66 годишна возраст, наведено е дека Доналд Трамп е висок 187 сантиметри. Подоцна изгледа се има извишено па последниве години службите инсистираат дека е висок преку 190 сантиметри. Деновиве се сретна со лидерот на сенатското мнозинство Џон Тун кој е висок 193. Што значи дека разликата  меѓу нив би требало да биде само три сантиметри. А скоро цела глава е.

Лионел Меси е статистичка аномалија

Перформансите на аргентинскиот фудбалски патријарх во голови и асистенции толку остапуваат од нормалната крива на дистрибуција што кога просекот на висината на луѓето би изнесувал 1,75 метри, Меси би бил висок над 2,30 метри. Веројатно никогаш во животот нема уште еднаш да видиме таков феномен, во која било област.     

Во Битола би го викале Темнио

Меланoтан II е синтетички пептид аналоген на природниот хормон кој го имаме. Развиен е во 1980-тите години на Универзитетот во Аризона како средство за потемнување на кожата без потреба од долго изложување на сонце. Не е одобрен од ниедно регулаторно тело но се продава нелегално а се инјектира поткожно. Изгорен од желба да биде потемнет, еден цреп го користел цели 17 години, за да сподели слики „пред и потоа“. 

Трамп е првиот американски претседател победен од едноклеточен организам

Фамозниот рефлектирачки базен на Трамп за кој пукна околу 15 милиони долари (дадени со директен договор, без тендер и наддавање) позелене од алги и почна да се лупи. Тврди дека некој со нож го има сечено. Кој доаѓа бре со нож за да сече бетонски базен? Ене ги, сега околу него ставаат огради „против вандали“.

Пикасо, Скопје 63, Битката на Неретва, 12 шишиња вино

За појаснување на хаикуто од насловот: постерот за Битката на Неретва на англиски јазик е нацртан од Пикасо за 12 шишиња вино, а ова се случува само откако документарецот Скопје 63 ја добива првата награда на филмскиот фестивал во Монте Карло.

Колку е добро да се дебелееш

Не е ова наш муабет, него на Метју Меконахи. За неговиот лик во "Злато" Меконахи се здебелил 21 кило. Како? Од пица еднаш неделно на скоро па секојдневно, плус многу десанти на фриждерот на полноќ. И така 6 месеци.

Денот на инаугурацијата на лошата синхронизација

Ова никогаш нема да биде досадно. Што зборуваа Трамп и Обама на скалите, Хилари и Буш на трибините, Трамп и Меланија за време на првиот танц.

Зошто има онака нездраво дебели Американци

Една од причините е тоа што компаниите кои произведуваат храна сами решаваат за која употребена состојка ќе побараат одобрение од регулаторот. Ако не побараат, никому ништо, таа оди директно на рафтовите.

Силно светнал ден

Многу - ама многу! - корисна апликација за луѓе кои имаат проблеми со видот. Телефонот ги препознава работите во околината и ги кажува. И не само што ќе ви каже дека имате куче пред себе, туку и кој модел е и колкаво е отприлика. Во следната верзија можеби ќе каже и дали кучето ве гледа попреку. Браво, за сите пари.

И НБА чирлидерките не се тоа што беа

НБА натпревар Рапторс - Санс, доаѓа полувреме, тоа напнатите мажи се повлекуваат од терен, а ти чекаш да се појават девојките што веќе ги сметаш за загарантирано уставно право што доаѓа секое полувреме, кога тоа ти истрчуваат чирлидерки во чоја и опинци.

Реалност версус реалити

Стариот добар Џеј Лено пред многу години насети дека ќе се разгори војна меѓу реалноста и реалните ТВ шоуа. И уште тогаш беше јасно дека во таа војна повеќе ќе крвари првата страна. 

Непотребна машина за салата

Извршниот директор на една бескорисна компанија го претставува нивниот најнов производ: бескорисната машина за салата. Ако најдете некој аир од неа, можете да пријавите рекламација.

Порака од холандската влада до Доналд Трамп

Прво, ова не е порака од холандската влада. Второ, бисери како: „...изградивме цел океан меѓу нас и Мексико... никој не гради океани подобро од нас... и океанов е толку голем, што можеш да го видиш дури и од Месечината... и ги натеравме Мексиканците да платат за него“.

Нек ме нема, нек ме не буде

Ова е можеби најлудата скриена камера на сите времиња од која коса побелува а животот се крати. Нема крвови, нема зомбија, нема моторни пили и сечења глави. Поентата е што и вас ве нема, во огледало! Можете ли да замислите што сè ќе ви мине низ глава кога го сфаќате тоа?

После протестите...

За да знаете во каков свет живеете не е доволно да сте информирани дека деновиве жените (освестени, политички писмени, храбри, гласни, одважни итн.) протестирале против Трамп. Треба да ѕирнете во стварноста и еден ден подоцна.

Тихи, Прле и Белградската филхармонија

Воведната шпица од Отпишани во филхармониско пакување. Нема многу што да се каже, има многу што да се чуе.

Да видиме што прави Александар Александров

Дечкото е од Бугарија и се занимава со правење визуелни ефекти за Видео Копилот. Кога ќе му се здосадат ефекти снима видеа и тоа одлично му оди.

Симулатор на удар од астероид

Луѓе од универзитетот Пердју изработиле симулатор за тоа каков импакт би имал удар на некој астероид врз Земјата. Притоа, сами треба да решите каде да удри, колкав да биде, од каков материјал да е составено тоа тело и под кој агол и брзина да ѕвизне во планетава. Срам ни е да кажеме што параметри пишавме,  изгледа претеравме.  

Тркалезна маса на денот

За оваа дебата ќе ви кажеме само две работи: кои се учесниците и колку трае. Тука се: Оливер Стон, Дензел Вашингтон, Мел Гибсон, Бери Џенкинс (Moonlight), Демиен Шазел (Whiplash, La La Land) и Мира Наир (Queen of Katwe, The Namesake). Муабетот трае еден час и седум минути. А сега вие слободно кажете: Саат време? Многу е.

Историчарот Путин

Рускиот претседател и неговото видување за светогледните разлики меѓу Американците и Русите, за вредните страни на американската дипломатија и нејзината опачина. Можете да му наоѓате мани на историчарот Путин сè додека не помислите како ли историјата му изгледа на неговиот колега Трамп: "На почетокот беше ништо. И после победив јас".  

Насловните на светските весници од инаугурацијата на Трамп

Во говорот по повод започнувањето на првиот 4-годишен мандат, Трамп ја испрати пораката "America first", нешто што слободно го толкуваме како "Америка на прво место". Вака светските весници го пренесоа доаѓањето на 45-от претседател на САД.

Разумност во 2 минути

Бајден за време на една од потпретседателските дебати пред 4 и кусур години, ставен меѓу неговиот избор на црква и ставот на истата оваа црква во однос на абортусот.

48 часа свет

Нешто како Карл Пилкингтон само овој сосема свесно патува низ свет, на убави места и убаво си поминува. Концептот на емисијата на Ричард Ајоади е одење по најразлични метрополи, низ кои 48 часа шета со познати ликови, што ни најмалку не се локалци. Она што е заедничко за него и за Пилкингтон, е што и он не сака да шета низ свет.

Јасно изразена волја

Сложно, масовно и организирано, така се настапува кога се оди на улица! Останува само навивачките медиуми да излицитираат околу бројката.

Не е кукавичко, кодошко е

Личи на идеална алатка со чија помош јајцата секогаш ќе бидат сварени токму онака како што ги сакате. Го варите со другите јајца и на свој личен пример ви покажува во која фаза се другите. Накратко да ја видиме неговата перспектива кај нас: стигнува, брзо станува популарно, навасува фалц-роба која покажува погрешно, се разочаруваме, го пцуеме трулиот Запад и си се враќаме на старото добро баење.

Се знае „за кога“

Има една анегдота од тоа работните акции по Југославија дека Македонците редовно заебувале една тогаш стандардна парола. На прашањето поставено на српски („За кога?“) наместо исправното „За Тито!“, одговорале по нашки, па здружено извикувале „За сега!“

Пјаца Понтеросо, срцето на трговијата со фармерки

Кога вашите ви зборат дека оделе во Трст на шопинг, оделе на Пјаца Понтересо. Од 70-те до почетокот на војните низ Југославија, аџилакот се случувал еднаш до два пати годишно. Трст, Југославија е документарец за ова искуство.