Off Topic

И за висината ли лажеше бе, стари?

На њујоршката возачка дозвола од 2012 година, на негова 66 годишна возраст, наведено е дека Доналд Трамп е висок 187 сантиметри. Подоцна изгледа се има извишено па последниве години службите инсистираат дека е висок преку 190 сантиметри. Деновиве се сретна со лидерот на сенатското мнозинство Џон Тун кој е висок 193. Што значи дека разликата  меѓу нив би требало да биде само три сантиметри. А скоро цела глава е.

Лионел Меси е статистичка аномалија

Перформансите на аргентинскиот фудбалски патријарх во голови и асистенции толку остапуваат од нормалната крива на дистрибуција што кога просекот на висината на луѓето би изнесувал 1,75 метри, Меси би бил висок над 2,30 метри. Веројатно никогаш во животот нема уште еднаш да видиме таков феномен, во која било област.     

Во Битола би го викале Темнио

Меланoтан II е синтетички пептид аналоген на природниот хормон кој го имаме. Развиен е во 1980-тите години на Универзитетот во Аризона како средство за потемнување на кожата без потреба од долго изложување на сонце. Не е одобрен од ниедно регулаторно тело но се продава нелегално а се инјектира поткожно. Изгорен од желба да биде потемнет, еден цреп го користел цели 17 години, за да сподели слики „пред и потоа“. 

Трамп е првиот американски претседател победен од едноклеточен организам

Фамозниот рефлектирачки базен на Трамп за кој пукна околу 15 милиони долари (дадени со директен договор, без тендер и наддавање) позелене од алги и почна да се лупи. Тврди дека некој со нож го има сечено. Кој доаѓа бре со нож за да сече бетонски базен? Ене ги, сега околу него ставаат огради „против вандали“.

Изјава на еден воен злосторник

Бен Гвир и Смотрич важат за најрадикалните министри во владата на Нетанјаху (не дека другите се нешто многу поумеерни, види како размислува министерката за социјална еднаквост). Бен Гвир го знаеме како тормозеше луѓе од флотилата за Газа (овде), отвораше шампањ и носеше значка во облик на бесилка кога се воведе смртна казна за Палестинци (овде), повикуваше Евреи да го населат јужен Либан (овде)...

Топката која го уби фер-плејот

Новата генерација фудбалски топки, опремени со сензори и постојан пренос на податоци, го менува начинот на кој се гледа и се суди фудбалот. „Трионда“ не само што мери допир, брзина и траекторија, туку и го намалува просторот за човечка грешка - и интуиција. Ако не па, и играчите да ги опремиме со сензори за еден ден полесно да ги замениме со роботи.

За војна се потребни двајца и извештај

Пред Американците да ја запалат половина Азија под лажната паника околу "оружје за масовно уништување", тие беа подеднакво успешни во палење на другата половина на Азија со идентично неточен извештај.

Двојка осудена да успее

Таа мисли дека мајка му живеела 10 децении, а тој не ни знае што е деценија. Нормално, победа.

Чудната судбина на вистинскиот Happy Feet

Мамбл имаше проблем со својата околина затоа што сите пееја а тој сакаше да игра. За овој индивидуалец во егзистенцијална криза никогаш нема да дознаеме зошто се реши да ги напушти своите и да тргне сам, во сигурна смрт.

Кој сè му се заблагодаруваше на Вајнстин

За да си доловите колку влијателен беше сега осрамотениот холивудски продуцент од кого сите дигнаа раце (освен Дона Каран). Бил спомнат во вкупно 34 победнички говори на Оскар. Пред него се само Стивен Спилберг и Господ.

Запознавање со Рејџ

Дечкото е хипхопер но решава да му даде шанса на нешто што дотогаш никогаш нема слушано. Се работи за првиот албум на Rage Against the Machine. Да видите какво просветлување му се случи!

Не си ти дечко најбистар

Апашов решава да ограби рецепционерка, ама го копка и што има внатре. А внатре, бразилска академија за џиу џицу.

Сигурни сте дека никогаш не вреди да се лаже?

Старава има Алцхајмер. И ќерка ѝ секој ден ѝ кажува дека е трудна. И таа одново и одново се радува. Aјде, што фали?

Васко, пази куче!

Васко Атанасоски е исклучително вреден момак. Радник е во душа, што го прави ретка билка во мрзливиот музички пејсаж на Скопје. Свири, прави музики, објавува други бендови и музичари, работи, си игра со сè што ќе стигне. Има нов албум (Пази, куче), 8 ствари, скроз шарено и брливо. 

Аман, не помагајте

Немало и ќе нема посмешни ситуации од овие, кога доаѓаат луѓе за да ти помогнат, а ќе завршиш заринкан со фаца во нечиј задник.

Детето и куклите

Некој зелен во негова близина решил да му ги одмили куклите, сега, секогаш и во вечни времиња.

Како еден дедо прослави 82-ри роденден?

Како може да му се честита роденден на дедо? Ќе му донесат торта, ќе го бацат и ќе му речат да е жив и здрав. Само што овој дедо се вика Хју Хефнер а тортата (во нејзиниот најпопуларен аутфит), му ја носи Памела Андерсон. Поживеа тој и до 91 година ама комотно можеше и после ова да се одјави.

Доналд Трамп никогаш нема да ни биде претседател!

Мала збирка од политички јасновидци кои јавно и гордо го ковертираа својот суд за државничката иднина на Доналд Трамп. Од утки на наши политички, медиумски и аналитичарски жреци би можело серија да се склопи.

Како клинци реагираат на Лед Цепелин?

Краток заклучок од 10-минутното видео: децата знаат да познаат добра музика. Додека не влезат во лут пубертет по што нагло оглупуваат.

Том Веитс по емисии

Компилација од блиц поенти на Том Веитс на разни ток шоуа, главно како 'млад и надежен', кога од него се очекувало да каже нешто „луцидно“ (па од што му е незгодно, се препичува ко секој копиљ). Откако ни остави тон добра музика, денес не мора да каже ништо. Тоа е победата.

Хоророт на модерните двојки

Девојката запознава дечко за кој наивно ќе поверува дека е идеалниот партнер за неа. Но, набргу открива нешто страшно за него. Дечкото не е манијак или психопат. Ова е уште пострашно.

Како да ги препознаете глупите луѓе?

Лекција од Фројд која секој би требало да ја научи. А не е тешка, една реченица е.

Како изгледаат многу емоции за филм кој не бил виден?

Многу помпа се крена околу тој филм па јасно е зошто емоциите се толку засилени.

Уметност во доба на Инстаграм

Кога веќе секоја уметничка изложба / инсталација станува поле за Инстаграм натпревар меѓу селфињата, зошто тогаш да не почнеш да прави уметност спремна за Инстаграм перфектна фотка.

Да е здрав и жив Ѓорѓија, од кога умре се изнаживеав

Истиот мелем глас кој го познавате, овојпат на еден драматичен текст на кој не може да се остане рамнодушен. Една зипувана македонска судбина, емоција до коска, да осетите како векови ви бучат низ дамарите. После сè, сфаќаме зошто Крсте го чувствуваме како многу наш. Затоа што е многу свој.

Бог и шеширџија

Како реагираше Барак Обама после природна катастрофа а како тоа го прави Доналд Трамп.

Шпанска чизма ЕУизма

Европската комисија соопшти дека реакцијата на шпанската полиција во Каталонија била соодветна и дека „употреба на пропорционална сила била неопходна за да оддржи владеењето на првото“. Па да видиме на видео снимка како тоа изгледа, можеби некогаш ќе ни треба да се потсетиме на ЕУ стандардите. 

Џони Ротен, релативизатор

Во време на Секс Пистолс немаше човек кој ќе помисли дека ќе дојдат толку луди времиња што Џони ќе звучи како глас на разумот. На пример дека човек треба да има гард кон политичарите, кои и да се. Нам ни е, пак, малку криво што го немавме овој клип лани- преклани, па да го објавиме, па да ги читаме шугите како конечно нашле доказ дека ние (и Џони) одработуваме за вмрото. Маските паднаа, јелда папани?

Баба што црта

Има 90 години, живее во чешкото село Лоука и шара по фасади на куќи низ селото. Тема не и се безмозочно лошите копии на Лејла и мандарините, туку цветови на свежо варосани ѕидови. И ова што го прави изгледа како разгледница.

Масакрот во Лас Вегас на насловните на американските весници

Убиени 59 луѓе, ранети и повредени речиси 530. Сите, жртви на 64-годишен Американец со автоматско оружје (17 парчиња), хотелска соба на 32-ри спрат и за сега без јасен мотив - зошто? Вака изгледаа дел од денешните американски весници.