Off Topic

Лионел Меси е статистичка аномалија

Перформансите на аргентинскиот фудбалски патријарх во голови и асистенции толку остапуваат од нормалната крива на дистрибуција што кога просекот на висината на луѓето би изнесувал 1,75 метри, Меси би бил висок над 2,30 метри. Веројатно никогаш во животот нема уште еднаш да видиме таков феномен, во која било област.     

Во Битола би го викале Темнио

Меланoтан II е синтетички пептид аналоген на природниот хормон кој го имаме. Развиен е во 1980-тите години на Универзитетот во Аризона како средство за потемнување на кожата без потреба од долго изложување на сонце. Не е одобрен од ниедно регулаторно тело но се продава нелегално а се инјектира поткожно. Изгорен од желба да биде потемнет, еден цреп го користел цели 17 години, за да сподели слики „пред и потоа“. 

Трамп е првиот американски претседател победен од едноклеточен организам

Фамозниот рефлектирачки базен на Трамп за кој пукна околу 15 милиони долари (дадени со директен договор, без тендер и наддавање) позелене од алги и почна да се лупи. Тврди дека некој со нож го има сечено. Кој доаѓа бре со нож за да сече бетонски базен? Ене ги, сега околу него ставаат огради „против вандали“.

Изјава на еден воен злосторник

Бен Гвир и Смотрич важат за најрадикалните министри во владата на Нетанјаху (не дека другите се нешто многу поумеерни, види како размислува министерката за социјална еднаквост). Бен Гвир го знаеме како тормозеше луѓе од флотилата за Газа (овде), отвораше шампањ и носеше значка во облик на бесилка кога се воведе смртна казна за Палестинци (овде), повикуваше Евреи да го населат јужен Либан (овде)...

Топката која го уби фер-плејот

Новата генерација фудбалски топки, опремени со сензори и постојан пренос на податоци, го менува начинот на кој се гледа и се суди фудбалот. „Трионда“ не само што мери допир, брзина и траекторија, туку и го намалува просторот за човечка грешка - и интуиција. Ако не па, и играчите да ги опремиме со сензори за еден ден полесно да ги замениме со роботи.

Црното море се омрси

Иако по претходните предупредувања за еколошка катастрофа во Црното море го обвинуваа дека ги плаши луѓето и дека ќе ја уништи туристичката сезона, неговите тврдења се чинат точни. Огромни дамки од нафта и мазут пливале по површината, најверојатно од протекувања откако Украинците удрија по руските рафинерии на нивниот дел од Црното Море. А дечкото вика, и неоправдано скапо било.  

Orbital - Box, на пијано и тапан

Проектот им се вика „Акустик електроникс“, на пијано е Ема Попивода, на тапан е Александар Петров, и ако ве бендисува во четврток (12 април) во Станица 26 ќе има уште од ова, од Крафтверк до Моби и Продиџи.

Некогаш многу е тешко да браниш фудбалери или фудбалски тренери

Ние разбираме дека насилство нема што да бара во спорт, ама за првиот тренер би било добро да се потруди по дома да не му го дознаат клипов за колку толку да зачува достоинство.

Квизот што ги „обработи“ американските гласачи

Понудата што во 2014 беше дадена до корисниците на Фејсбук е „реши го психолошкиов тест и добиваш 5 долари“. Сето ова беше направено во име на академско истражување, и така остана барем додека податоците и резултатите од ова истражување не завршија кај Кембриџ аналитика.

Ми рушимо силос - силос руши нас

Лево на сликата е јавната библиотека во Вордингборг, Данска. Десно на сликата е простор подготвен за рушење на силосот. На средина е силосот што треба да се руши. Три-четири, сега.

Мохамед Али за расната сегрегација

Кога водителот е од привилегираната бела раса а гостинот храбар и без влакна на јазикот припадник на црнечкото малцинство, веќе претпоставувате какви позиции имаат за прашањето на расната сегрегација. Но, пред сите претпоставки, треба да знаете дека вториот е Мохамед Али.

Звукот на не-тишината

Еден единствен звук, непријатен но крајно субверзивен, може да ја уништи сериозноста на религиозните прововеди поефикасно од цела ренесанса оставштина. Чујте како богохулно добро тоа звучи.

Лет над елоновото гнездо

Годинава површината на фабриката на Тесла во Фремонт беше зголемена за речиси два пати и достигна речиси 92 хектари. Ова е само под кров, не целиот плац на кој се наоѓа фабриката. За споредба површината на целиот плац на поренешен Охис (колку што ние можеме да премериме) изнесува 102 хектари.

Македонија до Киншаса

Единствената разлика меѓу македонски и политичар од Конго е што на сечење лента наш фрла три лопати земја, а нивен плука три голтки пиво (нема теорија Шилегов да го прифати овој адет). Инаку, важноста на инфраструктурниот објект кој се пушта во употреба, горе-долу иста.

Где Дунав љуби небо

Видеото нема никаква врска со песната на Јосипа Лисац, ама ете, баш тоа ни текна кога го видовме овој тачдаун. Кратко и јасно.

Ренди да ви покаже како се прави реклама за пиво

Нема причина зошто кој било бренд на пиво би одбил вакво злато од реклама, ама таков е животот и не му е гајле за твоето имање или немање причина па оваа реклама не успева да мине кај „клиентот“ и останува само на Јутјуб.

Човекот кој го спаси Исус

Историско - библиско наравоучение: Исус настрада распнат на крст само затоа што во публика не се најде некој поштен човек со кацига. 

Како се руши куќа, кога имаш вишок куќа и вишок џип

Да претпоставиме дека ете некако не постои опасност дека некоја штица ќе ги пробие шофершајбата и возачот како локум, и дека куќава некако го има заслужено ова што и се случува, а исто и џипот. Е, со ваков сетап ликов и понатаму е многу идиот.

Ќорсокаците на интернетот

Сакате да избришете свој профил на некоја платформа? Тука се дизајнерите на сајтовите кои имаат задача да ви помогнат да заборавите од каде трнавте и со која цел почнавте да буричкате по сајтот.

Малку тој, малку таа

Човекот покажува дека има ненадјебива техника во борба со замислен противник. Таа го остава да се доискаже за на крај да му покаже дека стапот некогаш има само еден крај.

„Цел“ Јутјуб во две монтажи

Пред да стане „платформа“ за креатори, брендови, влогови и што сè не, Јутјуб беше сајт за клипови, и тоа клипови какви што ги памтиме од стариот интернет. Не изгледа така ама никој нема загинато во клиповиве, а се здробиле за здробување.

Неверојатното искуство на купување во кинески трговски за фејкови

Да не се сфатиме погрешно, ама сè од ова што ќе видите изгледа како кај нас глатко да ќе пројде за оригинален производ. И тоа веројатно е најмалку неверојатно во целата работа. Она што нас не ќари е ценкање какво што немате видено, и како се подогвени да симнат и по 400 долари. Она што уште не ни е јасно е зошто продавачките се намуртени кога им се ценкаш.

Оди па снимај реклама за Епл

Рекламата е за Хоумпод на Епл, дело е на Спајк Џоунз и излезе исклучително добра. Ова што сега го имаме е снимањето на рекламата и е неспоредливо со што било друго што се прави во овој жанр.

Ноќната мора на Рајан Гослинг

Најнебитната тема на светот може да биде супер сценарио за скеч ако имате режисер на SNL и актер како Рајан Гослинг. 

Со Господ напред

Така работи вистински верник. Пред почетокот на разботната задача, се прекрстува и се помолува Господ да му даде сила. Ако силата не е доволна, ќе се најде некоја цигла.

Не сме сите свињи исти

Следен пат кога некоја од домашните женки (мајка, цимерка, девојка, сопруга) ќе ви каже дека од домот сте направиле свињарник, пуштете ѝ го ова видео. Да ѝ биде уште потешко. Дека дури и свиња можела подобра од вас да ѝ се падне.

Ари не биди дрво, не ја нервирај баба ти

Од сите работи од кои очекуваш дека ќе се разочараш од својата внука, не си ни сонувала дека тоа ќе биде затоа што нема претстава што е фиксен телефон со кабел, а уште помалку има поим како да го користи.

Подарок од Фајрфокс: Фејсбук контејнер

Освен што детално ве следи што правите на Фејсбук (без разлика дали во апликација или преку браусер), социјалната мрежа следи и што правите кога не сте на Фејсбук, речиси подеднакво детално. Фејсбук контејнер е решението на Мозила за овој проблем, и во основа екстензијата не му дозволува на Фејсбук да ве манијачи што правите кога не сте кај него.

Словенска девојка

Темата е многу неофицијална, без некоја посебна огранизација или поврзаност на авторите. Заедничко за сите е што доаѓаат од некоја земја од Источна Европа и се мурали со големина на зграда. Колку и да е општо „Словенска девојка“ им е најконкретното множество кое ги опфаќа сите овие дела.

Професионален пар родители „работат“ родено дете

Размисли колку најдолго твоите те шебале за една работа, па може ќе сфатиш како на крај се чувствува девојчево. Треба да реши една загатка, и на прва многу е веројатно и ти дека ќе ја решиш како нејзе.