Off Topic

Топката која го уби фер-плејот

Новата генерација фудбалски топки, опремени со сензори и постојан пренос на податоци, го менува начинот на кој се гледа и се суди фудбалот. „Трионда“ не само што мери допир, брзина и траекторија, туку и го намалува просторот за човечка грешка - и интуиција. Ако не па, и играчите да ги опремиме со сензори за еден ден полесно да ги замениме со роботи.

Црното море се омрси

Иако по претходните предупредувања за еколошка катастрофа во Црното море го обвинуваа дека ги плаши луѓето и дека ќе ја уништи туристичката сезона, неговите тврдења се чинат точни. Огромни дамки од нафта и мазут пливале по површината, најверојатно од протекувања откако Украинците удрија по руските рафинерии на нивниот дел од Црното Море. А дечкото вика, и неоправдано скапо било.  

Вашингтон не ја прекинува помошта за Израел туку ја крие

Трамп и Нетанјаху ја спукаа работата, односите меѓу Вашингтон и Тел Авив се на најниско ниво, но, дали се работи за вистински или за фингиран конфликт? За да се олабави од притисокот на јавноста (84% од Американците се за кратење на воената помош за Израел), дали длабоката држава решила да ги пикне односите со Израел под радарот на конгресниот мониторинг и да ги предаде во рацете на сивите зони на Пентагон?

Поразите не ги гледате на Инстаграм

Финалекција за сите оние кои се мамат и залажуваат по она што го гледаат на социјалните мрежи, верувајќи дека виделе формула чиј успех е неизбежен. Успехот не само што не е неизбежен туку е исклучок. A залажувањето не се случува само на мрежите. Многу луѓе мислат дека кафана кај нас не може да не успее, гледајќи како сите кафани наоколу се полни. Само што не ги гледаат оние стотици кои пропаднале. 

Музиката може да боли како камшик

Иранската пејачка Парасто Ахмади и осум членови на нејзиниот музички тим деновиве биле осудени на 74 удари со камшик затоа што настапила без хиџаб на концерт пренесуван на Јутјуб. Тоа било против јавната пристојност и објавување „вулгарна и неморална содржина“. Плус две години не можат да излезат од Иран ниту да настапуваат во земјата. Мала поддршка за Парасто и сите кои се гњавени од задрти луѓе од сите вери и невери. 

Тој мисли сите пијат нафта

9 март: „Сега сме целосно независни од Блискиот Исток. Не ни треба нивната нафта.“ 1 април: „Тоа навистина не нè засега. Имаме толку многу нафта. Имаме огромна нафта и гас, многу повеќе отколку што ни треба.“ 17 јуни: Ако не се согласев со Меморандумот за разбирање, „ќе ни снемаа резерви за околу 4 недели... навистина ќе ни снемаа, и ќе дојдеше време кога нема да можете да дојдеме до нафта.“

Реалноста е магија

Илузионистички трикови кои можете да ги вежбате секојдневно. Додека не ве избркаат од продавница или не ѝ збоктисате на теткицата на каса.

Од судбина и од идиоти не се бега

Ако мислите дека вам денов не ви е баш најсреќен, погледнете ја оваа дневна доза к'смет.

Носталгија по интернетот од 2004

Пред точно 14 години на интернет осамна „Нума, нума“ едно од оригиналните вирални видеа (што е посебен подвиг во време кога Јутјуб се уште не постои). Додека содржината му е чиста идиотштина, она што е дражесто околу него е што потсетува на времиња кога немаше семоќни социјални мрежи кои го следат и продаваат секој твој клик и интерес, кога деновите не ги минуваш зјапајќи во екранот на мобилниот, и кога технологијата беше само алатка а не зависност.

Божиќна песна на ромски

„Jingle Bells“ отпеана на ромски, сосе трилерчиња, сосе сликички од преубави деца. Чујте ја песната и кога ќе ги видите на раскрсница да бришат шофершајбна, или на маса да ви продаваат жижици, дајте некој денар и прашајте се „Do they know it's Christmas time?“

Меша Селимовиќ: Власта е порок за кој нема лек

Дали сите валии се затворени, протерани или потепани? И целата нивна свита? А секогаш доаѓаат нови, и доведуваат своја свита, и ги повторуваат глупостите на своите претходници, бидејќи поинаку не можат. И така во круг, без престан.

Како Кинези го прелажуваат Амазон

Од легален дел имаш „гуруа“ кои ги советуваат кинеските компании како да бидат позабележливи на Амазон. Од нелегален дел има сè од лажни рецензии и купување сопствени производи за кревање на рејтингот, до поткупување вработени на Амазон за да ти избришат негативни коментари. Уште една работа, Амазон моментално брои над половина милијарда производи.

Упатство за американски полицајци во православни храмови

Официјално видео  на чикашката полиција за запознавање на своите луѓе со православието, неговите храмови, верувања и обичаи. Фино. Е сега, МПЦ има американско -канадска епархија преку половина век  (51 година). Не се ни спомнуваат. Голема работа завршиле сите тие македонски владици и попови.

Што пол се ѓумбирчињата?

„Напредните“ и „прогресивните“ ама баш ништо не научија од лекцијата со Трамп. Додека милиони луѓе пиштат од реални проблеми (губење работа, социјална сигурност, цели фамилии спијат по коли затоа што останале без куќа заради невратен кредит), овие се дрндаат со темата дали божиќните колачиња треба и понатаму шовинистички да се викаат „gingerbread mаn“ или треба тоа да се замени со родово неутралното и политички коректно „gingerbread person“. На следните избори, не за Трамп, за некој ко Љубе лигавиот ќе гласаат од инат.

Живот, предупредувачко видео

Дали на некој од овие би им значело нешто ако им објасниш дека тоа што им се случи е само лоша среќа, и нема никаков причинско-последичен однос со нивното постење во космосот?

Како МоМА ја виде Југославија

Предмети и (слики од) згради од поранешна Југославија под наслов „Бетонска утопија“ некое време беа изложени во њујоршкиот Музеј на модерна уметност (МоМА). Ние знаеме како го имаме доживеано и изживеано сето ова, дај да видиме странциве што викаат.

Џонатан Пај: Сами сте криви ако Трамп победи во 2020

Меѓу останатите работи што ги кажува Пај, една важи за речиси секоја ситуација: „Деновиве има голем број луѓе кои изгледа како да веруваат дека со тоа што нема да дозволат некое мислење да биде емитувано, некако ќе успеат да го искоренат тоа мислење. Не го искоренуваат, само го потиснува, а тоа создава презир.“

Што (некогаш) се пропушта ако се оди по скали

Се возиш со лифт, запира на некој спрат, се отвора вратата од лифтот и ја гледаш Мишел Обама како скока на јаже! Ете, такви финти им прават со Џими Фалон. Да не замислуваме локални примери, да не ја упропастуваме добрата финта.

Какво време дојде, да не можеш...

Џереми Корбин прописно го наеба во парламентот откако за време на една тирада на Тереза Меј, во брада си прокоментира нешто што звучи како „Глупа жена!“ Подоцна, тврдеше дека рекол „stupid people“ а не *stupid woman“. Е, така веќе може.

Пцовка ако не те разигра

Позамашна збирка сочни филмски навреди и пцовки, вешто накалемени на една разиграна денс матрица. Оф, оф, фак офф.

Љубов на прв ДМ

Диња „им објаснува на соите деца“ како се запознале со татко им. Таа му пишала „свињо смрдлива“, тој ѝ пратил фотографија од својот пенис. Таа му рекла дека не е сега тоа тема, ама... 

Од Маргарита со љубов: Командант Сава

Да не бевме заколнати на вечна верност кон НАТО и на ексклузивна љубов кон западните вредности, ова ќе нè дирнеше во срце. Песната некогаш масовно се имаа пеено по работни акции на покојната Југославија, посветена е на легендарниот партизански командант Сава Ковачевиќ, а словенските браќа од Украина некако се сетиле па предводени од прекрасната Маргарита Мелешко, пакосно нè потсетуваат како беше да се имаат луѓе кои вредат да се слават.

Кога ќе си ја видиш тетоважата и ќе си кажеш: Вредеше!

Црепот одбрал на своето единствено тело на светот да ја овековечи Анџелина Џоли и за тоа дедицирал „топ банер“ позиција, на левата надлактица. Го оставил боцкачот (ќе видите зошто не го викаме „тату артист“) со мирна рака да го заврши своето делo и ете, конечно доаѓа моментот тоа да се обелодени. Пазете ја вие таа фаца како полека сфаќа дека со калеш Анѓа ќе мора засекогаш да живеат заедно! Или барем додека некоја ампутација не ги раздели.

Тунелски перспективи

Кога ќе се отвори тунел па ќе тргнеш низ него. За да видиш дека и на другиот крај е некако исто (срање). Па ќе посакаш да се вратиш онаму од кај што си тргнал. Ама малку ќе задоцниш со одлуката. Тоа е.

И рибите сити, и пивопиите на број

Додека многу луѓе го поганат својот дел од светот чекајќи некој голем спас (ЕУ/НАТО, враќање на Исус и слично), на истиот тој свет „фајн тјунинг“ му прават некои ситни генијалности. На пример, она пластичето кое држи пакет пивски лименки, зошто да не биде нешто што ќе можат да го јадат оние кај кои тоа и онака ќе заврши?

Кој се кара, тој се - кара

Ја знаете онаа ситуација кога ќе ви кажат: „Знам дека нон-стоп се караме ама знам и дека длабоко во себе уствари се сакаме“. Бил Бур се најде во таква ситуација со Сара Силверман и поштено се извади од памет: Од кај па сега тоа?

Кучешка магија

Супер штосен промотивен спот за шелтер за вдомување кучиња. Магионичар им прави трикчиња па човек може да си одбере кучешки табиет кој му одговара според реакцијата на трикот.

Рамбо на денот

Дали сте забележале дека на вести, кои се емитуваат секој ден, главно кажуваат кој што рекол а не кој што направил?

Змијата митбастер

За змиите се верува дека во суштина се мирни животни кои никогаш не напаѓаат освен ако не се уплашат или се почувствуваат загрозени. И си седиш така во полициска станица во Тајланд....

Кога ќе се задржиш премногу на работа

Убаво е тоа, да не гледаш само на саат за да ја здуваш од работа туку да останеш некогаш и повеќе отколку што си мислес, за да се заврши работата. Само, не секогаш и не за сите професии.