Off Topic

Водич за пиење од Леми Килмистер

Уште во 2005 година, пејачот и фронтмен на Моторхед, Леми Килмистер, во интервју даде неколку тешко стекнати совети за пиење алкохол. Тој отсекогаш важеше за исклучително веродостоен извор по ова прашање. Има тука неколку интересени цаки.

Новиот српски парламент има пратеник со боенка

Во новиот состав на парламентот на Србија има осум глумци, пола од кај студентите, пола од кај Вучиќ. Еден од кај студентите е и актерот Бојан Димитријевиќ, познат како наркоманот Пикац од серијата „Вратиће се роде“. На првиот ден на новата работа земал боенка, за кога ќе му биде досадно. Симпатично, ако човек заборави дека се колнеа како 24/7 неуморно ќе се борат со криминалниот октопод на претходната власт.

„Подобрата Србија“ демонстрира простаклук

Група победнички бадијалџии се собраа пред зградата на српскиот парламентг каде се одржува конститутивна седница на новиот парламентарен состав. За да им аплаудираат на своите и да викаат „уаа“ на другите (јаки потези, јаки герили). Најглупата меѓу нив ја потури со јогурт по глава актерката Лидија Вукиќевиќ која има мандат од СНС.

ВИ музиката ги доби своите Греми

Во Лос Анџелес биле одржани првите AI Music Awards за музика креирана со вештачка интелигенција. Распоредени во 25 музички жанра и три категории: скроз ВИ, делумно ВИ и хибридни песни во кои вокалот е на клониран човечки глас. Влез за настанот бил 250 долари. Ги имаме победниците. Некако ни немаат душа :)

Политичар е за да те фарба

Во 2021 година, локални политичари во изборна кампања решаваат да им покажат на своите гласачи дека тие се луѓе од народот па наместо само ветувања, да демонстрираат дека се подготвени конкретно да им помагаат на луѓе. На пример, да освежат со боја фасада на една скромна куќа, па удираат ваљак, се разбира, пред камери и новинари. Да ја видите куќата пет години подоцна.

После победата доаѓаат прашања

Изгледа дека сè може да се смести под ист политички покрив: европски интеграции, пријателство со Русија, воена неутралност и по некоја историска благодарност. Политичката програма е како шведска маса – земате што ви се допаѓа, а ако некогаш стигне сметката, едноставно ѝ ја префрлате на следната влада.

Добро, кога шахот стана ваков?

Шах е една оток од игра со надмислувања, стратегии, многу, многу бирање потези, уште повеќе дремење и гледање што и како, така? Епа како тогаш ова? Тој младиот е Магнус Карлсен (веле, веле, велемајстор), тој стариот е добар, колку што се може.

Праисториски 90-ти

Не е проблемот во 90-ти дека се така далеку, проблемот е што од тогаш е случен толкав технолошки напредок што тоа старото личи на прастаро, и денес не можеш ни да го објасниш на некого што го нема пројдено истото.

Холифилд за борбата со Тајсон

Одамна беше, сите знаат што се случи, двајцата веќе се смирени, но и тогаш и сега Холифилд е победникот во борбата (тогаш затоа што беше подобар, сега затоа што се нема изерзилено како што тоа знаат луѓе да го направат). Холифилд сега објаснува како дошло до борбата („секој пат кога некој ќе ми се налутеше по дома ми викаше ’едвај чекам да се бориш со Тајсон’“), како сакал инстатно да му врати на Тајсон за гризот и зошто му простил.

Залак виски

Инспириран од еден од поглупите предизвици што се појавиле на интернет (Tide pod challenge), Гленливет доаѓа до идеја за сосема нов систем за испорака и консумација на алкохол - мини мешунки.

Со бавност на светлината

Визуелно контекстуализирање на една иста брзина, онаа на светлината. Земјата ја врти 7,5 пати во секунда, ама кога тргнува од Сонцето кон нас, истата изгледа како да се „клаца“. Се разбира, битно е да не „прав пат“. Само што таа на дестинацијата стигнува без сменет личен опис.

Ај, може ќе престане да ика

Како да познаеш дека некое момче баш и не е во најдбори односи со законот? Пазете колку органска реакција е тоа. Како Били Питон во Маратонци: „Олади ме птичурина!“

Кога девојка верува во лесни пари

Тој ќе ѝ залепи париче на чело, таа само треба да се удри по глава, паричето да падне, таа да го фати и паричето е нејзино. Така? Така. Одиме.

Ние градиме ѕид, ѕидот нè гради нас

Белата куќа на Твитер објави 20 секунди снимка од градежните активности околу фамозниот ѕид (нагалено: ограда) која требаше да изгледа моќно ама станат предмет на масовно спрдање. Што заради локацијата од која се почнува (никаде), што заради тоа кога ќе завршат ако вака тераат (никогаш). Отприлика како пругата кон Бугарија.

Грета 2.0

На средба со Оказио-Кортез со граѓани, станува таа и ја искажува својата загриженост околу климатските промени и пошто цени дека немаме време за стандардни мерки, предлага своја мерка - да ги јадеме бебињата. Дали трола, дал е озбилна, ништо веќе не ни е јасно.

Три децении без Чепмен

Хилјаду му скечева, минале 30 години од смртта на Грем Чепмен. Чепмен беше алкохоличар (партнер: џин), хомосексуалец (партнер: Дејвид Шерлок) и пред сè и над сè - монтипајтоновец, дружина во која доаѓа заедно со Џон Клиз, неговиот другар кој на крај му одржа една „прописна“ еулогија.

Ал Пачино во Таксист

Уште еден заебан мајндфак со тоа дипфејк финтата. Во улогата која е неодвоиво слепена за ликот на Роберт Де Ниро, одеднаш ви се појавува Ал Пачино. Ќе трепкате и ќе дрмате со глава за да си го рестартирате погледот, ама џабе, тоа е.

Зошто во Норвешка е убаво?

Како и други среќни приказни од светов, и норвешката започнува со тоа што во тоа морињата во кои со векови наоѓале само риба, еден ден наоѓаат нафта. Само што со тоа, приказната кај нив допрва започнува. Ние да најдеме нафта, одма ќе накривиме капа. Не и Норвежаните.

Климатска средба на генерации

По повод една вест дека ученици на еден ден ќе напуштат школо и ќе протестираат за стопирање на климатските промени и ќе апелираат за ургентна акција за промоција на наративот „инаку сите ќе умреме“, австралискиот медиумски ветеран Ален Џонс има да им прочита нешто: фатете книга и направете си сендвич.

Мексиканска баба готви на Јутјуб

Онаква баба оригинал со бројни слави, прослави и слични масовни јаденки во резиме (со нејзина забелешка: мене ми е срам ова што го правам, а не па по интервјуа ме викаат), во кујната во двор, и ќерка и позади камера. Без тоа графики, ефекти, спонзори, па снимано од горе, па непотребни тупења (#заситештопрашувате), па кликни субскрајб, јок, чисто само баба и готвење. Рецептите се на шпански, ама пак некако ќе ги разберете.

Скриена камера со хепиенд

Ок, сега више не ја викаат „скриена камера“ туку e „пранк“ ама концептот е тој. И за разлика од другите пранкови, овој завршува со хепиенд, барем за тие што го гледаат видеото, и не можат да поднесат пранкови. Темата на конкретното видео е: ај да видиме што ќе се случи ако глумиме дека правиме голема нужда на нечие Ламборџини.

Има и полошо од тоа да те прават мајмун на работа

На пример, како возрасен и зрел маж, при здрав разум да те прават - мачка. И ако некогаш зборуваме за луѓе што неправично биле прескокнати за Оскар, ова е човекот што треба да ви е на памет.

Ова не е обид за убиство

Не, девојката нема солазавец во рака. Не, девојката нема скалпер, скакавец или што и да мислите во рака. Не, девојката не планира да му ги ископа очите со нокти. Тоа што го има девојката во рака е неговиот мобилен телефон, и сега уште и треба неговото лице за да го отвори со Фејс ИД.

Целото куцање е на памет

И ова посебно знае да е проблем ако по цел ден службено си на тастатура. Инаку во македонската верзија главни кошмари за грешки се: „воа“ за „ова“, и „праска“ за „пракса“.

Некогаш многу народ знае и да ти ја направи работата мерак

Ова посебно не важи на шалтер (бирократско/банкарски), и посебно не важи на каса, ама ете важи ако местиш осветлување и светлосни ефекти на концерти.

Веганите удрија на пушачите

Со доза космичка правичност карактеристична за вегани, сопственик на вегански ресторан излегува со противпожарен апарат за да се справи со човек што пуши цигара. Вон ресторанот. Вон терасата на ресторанот. На тротоар. На јавен простор.

Талентот не е играчка

Талентот е озбилна работа кога и со играчка ќе звучиш посериозно од многумина кои имаат јака и професионална опрема. Како дечково со оваа играчка од гитара.

Живот со полни гради насмевка

Се враќаме на почетоците на „пржењето“ (за кое деновиве пишуваше Букбокс) колку за две работи: да видите како Дин Мартин и другите урнебесно се забављаат пред камери (со цигари на сцена, со сè) и да видите колку Фостер Брукс (веројатно единствениот трезен човек во тоа друштво) е лудо навежбан да глуми пијан човек. Се роста Дон Риклс, кој е вонвременски шампион во тој жанр. 

Клептон и Фремптон

Питер Фремптон (задолжен за лудите гитари на Боуви) и Ерик Клептон. За првпат во животот тие двајца ги вкрстуваат своите гитари, на најдобрата можна тема за тоа, гитарската јадиковка на Џорџ Харисон од Белиот албум на Битлси. Не е како она легендарно парче со Принц, ама вреди да се види.

Почеток на сезоната на школски масакри

Една од оние бек-ту-скул реклами која почнува стандардно весело за по кратко време да биде мајсторски претворена во хорор што потсетува на ужасите од школските масакри кои народ веќе почна сезонски да ги очекува (за по нив повторно ништо да не се промени).