Off Topic

Со ВАР, Голијат секогаш ќе го плеска Давид

Лука Модриќ, број 1 на целиот хрватски фудбал, златен гарант на сите хрватски победи, на овој натпревар изгледаше, се однесуваше и се движеше како Број 1 од Алан Форд. Се разбира, тој не е виновен за поразот. Виновен е како и сите други на теренот, а тие, пак, се невини во однос на оној што ги составил во тимот. А и тој не е толку крив колку очекувањата на заедницата. Таа би сакала играчите што ги правеа среќни да останат вечно млади.

Предупредувачки писма на читатели

Се јавив на сите Владини и НВО институции, по мејл, по телефон е џабе, никој не одговори, ама баш никој. Решив да ти пишам, онаа клупата на Водно се направи. Ова сигурно нема да се поправи, но можеби ќе спасиме некое дете кое дошло со родителите на викенд на Марков манастир, да се избања.

Трамп и Мелони пак ја спукаа

На Г-7, Трамп и Мелони во неколку наврати беа сликани во добро расположение, што се толкуваше како знак дека ги надминале претходните кавги. Ама, сељак каков што го дал Господ, Трамп отпосле кажа дека Мелони го молела и преколнувала да се слика со него. Таа не остана без зборови. Порача дека е згрозена од комплетните измислици. „Ни Италија ни јас никогаш не молиме!“

Илон Маск е клошар за Џингис Кан

Нето вредноста на Елон Маск од 1,3 билиони долари е потврдена од неколку извори, вклучувајќи ги Форбс и Блумберг и се очекува човекот да тргне накај два. Импресивни цифри и никој жив ни приближно не му е рамен. Па сепак, во однос на тоа што го поседувал самиот, Џингис Кан би можел да ги списка парите на Маск за бакшиш. Ако Џингис имаше навика да остава бакшиш. 

Вишок колумни

• Тато, тато, мама ја згази кола!
• Почни да плачеш, одма доаѓам!
Значи, почна фудбалот. Тоа е она за што се мажи секоја жена, без да знае.

Прашање - автогол

Новинар (Питер Дуси): „Еден мудар човек, еднаш, во јануари 2020-та кажа: „Иран никогаш не добил војна, ама, никогаш не изгубил на преговори.“
Доналд Трамп: “Кој го има кажано тоа?“
Новинарот: “Доналд Трамп“.

Френк Запа: Како ме одраа Ленон и Јоко

Запа раскажува како му е дрпната песната Кинг- Конг откако ја отсвириле на негов концерт ( а и пуста Јоко се качила на сцена, оти без неа свирка не бидува), но е мастрален со каква луцидност го затепа корпоративниот менталитет на МТВ. Дражесен момент и е самото запознавање на Запа и Ленон, кога Ленон му рекол дека не е грд како што мислел, по што Запа се посомневал во диоптерот на Ленон, пошто вика дека тој секогаш бил грд колку што може да се биде грд.  

Кинески татко на денот

Тежината што Гаокао испитот (кинескиот приемен за на факултет) го има во одредување на животот на Кинезите до сега е опишана на долго и на широко, меѓутоа речиси и да не постои текст кој може така успешно да го долови пеколот на овие три дена полагање како татко на средношколец што полага кој со сатар ги брка колите што свират на улица пред училиштето.

Јапанци!

Јапонски производител на сладолед на видео ги вади целиот свој менаџмент и вработени во знак на официјално извинување до сите свои муштерии за гревот што после 25 години морале да го поскапат сладоледот од 60 јени на 70 јени (од 28 на 32 денари).

10 песни инспирирани од Лондон

На ваков наслов ние би трзнале на химничната London Calling на Клеш, на меланхолијата на ‘A Rainy Night In Soho’ од Пoугс и евентуално на Џем. Ама има уште, и тоа добри. Напомена: „Hong Kong Garden“ na Сијукси ен д Баншис не е грешка, инспирирана е од ќумез за брза кинеска храна од лондонското предградие Чизлхрст.

Зошто бе затераа во овој правец?

Сè што треба да знаете за нумерата „Кокаина“ е содржано во еден Јутјуб коментар: "Доста ставате хејт коментари, не можу сви да ги лајкну“.

Камала била-не била Харис

Ја прашуваат кога ќе одите на граница. „Ние сме биле на граница, сме биле на граница...“ повторува таа. „Ама вие лично не сте биле,“ ја потсетува новинарот а Харис, мртва-ладна, одговара во стилот „е добро де, јас не сум била ни во Сарамзалино, па што?“ Ете, и тоа еден ден ќе стане претседател на Америка.

1130 години оправданија за неносење кацига

Советот за безбедност на данските патишта ви порачува дека ве разбира и дека никој никогаш не сакал да носи кацига, ама тоа е и кацига мора да се носи.

Шеќерната бајка на мама

Мајка им уште кога биле мали им рекла дека ако јадат шеќер а после се напијат Диет Кола, шеќерот се поништува. Добро, да го видиме резултатот од таа мајчинска поука.

Колку само фали Луи

Едно старо парче од лустрираниот махер, овојпат со девојка која го преведува скечот со знаковен јазик. А скечот, за пушење. Ама, добра и таа. Ќе видите дека и вие делумно гои знаете тој јазик.

Кој не си ги познава другарите, скапо ги плаќа

Има една заебанција, вика, денеска отидов на состанок на сапорт група за предвремена ејакулација; испадна дека состанокот е утре. Е,па, дечково е за таму.

Мачето доби засилување

Мислевме еден читател не ни ја видел статијата „Има ли песна“ па ни го праќа видеото со измузичареното маче кое го имаме преслушано катаљарда пати. Ама не, ни пратил како тоа изгледа со засилување од неколкумина музичари од различни страни на светот. Прејако. Ни следуваат нова катаљарда слушања.

Мајтап со времето

Кога би знаеле да си играме со времето, вака би изгледало тоа. Пошто не знаеме, мора да се учат видео техники.

Виљушкар за секој дебармаалец

Некој на некого во Британија му паркира на влез во фарма. За несреќа на некој, некого има виљушкар ама нема некои дебели нерви.

Најточната и најбавна дефиниција на демократијата

„Демократијата во основа значи владеење од луѓето, на луѓето, за луѓето. Меѓутоа....“

Тони Пајк, хедонистичкиот крал на Ибица

Еден од оние луѓе за кои, макар чуле само дел од неговата биографија, би рекле: ех, тој да отвори уста... Дискретно, ама денес 83 годишниот Пајк и тоа како  отвора уста, за Фреди Меркјури, Грејс Џонс, Џорџ Мајкл како и за органското оправдување на неговата кого-удрам- не- жалам сексуална зависност. 

Дошло гадно време па се прашуваме

„Дали вреди да се бориме или треба сите да исполегнеме и да поцркаме?“ Убави 23 минути на таа тема со професорот по филозофија, Борис Братина, кој зборува за тоа дали самата околина го одредува животот на човекот или пак самите бираме да му робуваме на напредокот и на сопствената желба за поседување.

Битола до Австралија

Австралиски водители се зезаат со досетливи прекари. Нивните се подолги што значи дека имаат уште за мозгање (битолските се чист дестилат), ама па и тие имаат добри решенија: Како го викаат дечко кој има една пократка нога од другата?  Снајперска ноќна мора.

Летен супрематизам

После родител 1 и родител 2, беше само прашање на време кога некој либтард ќе реши дека е време да се продолжи таа глупоќа со реименувањата и ловот на политички некоректни зборови - вештерки. А време е, доаѓа Q3.

Како се разбраа Бафало Бил и поглавицата

Американските Индијанци со векови развивале и користеле знаковен јазик со кој припадниците на различните племиња се разбирале меѓу себе. Вилијам ф. Коди (Бафало Бил) го научува тој јазик и седнува на муабет со Челичната опашка, поглавица на племето Лакота Сијукси. Прилично детален муабет.

Пржење на денот

15 години одлежано 26 минутно парче виртуозен прог-рок инструментал. Во екипата се Дионис Стратров (бас и програмирање тапани), Бобан Василевски (гитара) и Петар Лукиќ (клавијатури). И сите играат во напад! Само најхрабрите ќе издржат до крај.  

Украински маалски активизам

Во Украина актуелна е измама во која луѓе одат по станови на постари пензионери и им нудат најефтина можна замена на старите прозори со нови со подобра термо изолација, за што само треба авансно да дадат некоја сума на пари. Откако ќе земат аванс засекогаш ги снемува ликовите. Како последица на ова, во земјата се појавија и „активисти“ кои ги чистат измамниците.

Пејчиновски, чао

Младиот охридски шаман на гитара, Дамјан Пејчиновски, ја отсвирува Бела Чао во десет различни гитарски стилови. Кој од кој поинтересен и позабавен. Алал, момче. Какви сè погани усти ја извалкаа оваа песна, ќе треба долго вака да ја плакнеме.

Густав, сите епизоди

На 80 години почина творецот на Густав, еден од саканите цртани во социјалистичкото минато на Македонија и Југославија. Марсел Јанкович беше графичар, илустратор на книги, историчар на културата и почесен претседател на унгарската уметничка академија. Има номинација за Оскар за краткиот филм Сизиф а во 1977 добива Златна палма во Кан за филмот Борци. За Густав го пишуваше сценариото. Компилацијата трае 2 часа и 20 минути.

Што софтвер има овој Магнус Карлсен?

Му покажуваат различни позиции на шаховска табла и тој погаѓа од која партија и од кој дуел се! Побогу, од кој свет е дечкото? Па колку партии тој има во глава? Ние прееска се пишувавме на Скајп пошто никако да текне дека она со пченкарно се вика проја.