Off Topic

Водич за пиење од Леми Килмистер

Уште во 2005 година, пејачот и фронтмен на Моторхед, Леми Килмистер, во интервју даде неколку тешко стекнати совети за пиење алкохол. Тој отсекогаш важеше за исклучително веродостоен извор по ова прашање. Има тука неколку интересени цаки.

Новиот српски парламент има пратеник со боенка

Во новиот состав на парламентот на Србија има осум глумци, пола од кај студентите, пола од кај Вучиќ. Еден од кај студентите е и актерот Бојан Димитријевиќ, познат како наркоманот Пикац од серијата „Вратиће се роде“. На првиот ден на новата работа земал боенка, за кога ќе му биде досадно. Симпатично, ако човек заборави дека се колнеа како 24/7 неуморно ќе се борат со криминалниот октопод на претходната власт.

„Подобрата Србија“ демонстрира простаклук

Група победнички бадијалџии се собраа пред зградата на српскиот парламентг каде се одржува конститутивна седница на новиот парламентарен состав. За да им аплаудираат на своите и да викаат „уаа“ на другите (јаки потези, јаки герили). Најглупата меѓу нив ја потури со јогурт по глава актерката Лидија Вукиќевиќ која има мандат од СНС.

ВИ музиката ги доби своите Греми

Во Лос Анџелес биле одржани првите AI Music Awards за музика креирана со вештачка интелигенција. Распоредени во 25 музички жанра и три категории: скроз ВИ, делумно ВИ и хибридни песни во кои вокалот е на клониран човечки глас. Влез за настанот бил 250 долари. Ги имаме победниците. Некако ни немаат душа :)

Политичар е за да те фарба

Во 2021 година, локални политичари во изборна кампања решаваат да им покажат на своите гласачи дека тие се луѓе од народот па наместо само ветувања, да демонстрираат дека се подготвени конкретно да им помагаат на луѓе. На пример, да освежат со боја фасада на една скромна куќа, па удираат ваљак, се разбира, пред камери и новинари. Да ја видите куќата пет години подоцна.

После победата доаѓаат прашања

Изгледа дека сè може да се смести под ист политички покрив: европски интеграции, пријателство со Русија, воена неутралност и по некоја историска благодарност. Политичката програма е како шведска маса – земате што ви се допаѓа, а ако некогаш стигне сметката, едноставно ѝ ја префрлате на следната влада.

Ловење точаци во Амстердам

Кога имаш толку многу велосипеди по глава на жител / турист и толку многу километри под канали, невозможно е првите да не завршат во вторите. Ама и бројките на точаци што се вадат од каналите се невозможни.

Свињата од еден милион евра

Естонски земјоделец бара оштета од 1 милион евра за зијанот што му го направил еден украински бегалец кој го вработил како помош на фармата.

Ајфон што си ги извадил парите

Украински војник има шанса да го сними видеово од фронтот само затоа што Ајфонот што го носел се нашол на право место во елекот што го носи за време на борбите.

Ботега Венета санкционира Руси и во Италија

Русин кој јуначки војната ја минува во Фиренца е вџашен од тоа што тамошниот бутик на Ботега Венета (огин ем пламен) одбива да му продаде што било само затоа што бил Русин.

Јужна Кореја, посвој нè

На камионџија во возење му се истура целиот товар гајби со пиво. Камионџијата застанува и не јаучи и пцуе сè до трето колено, туку почнува да го расчистува хаосот. Луѓето што се најдоа таму не седат на страна и да фаќаат сеир туку фатија и тие да чистат. Колите што минуваат не ги оптоварија свирките и не направија непроодна гужва, туку педантно го заобиколија хаосот. Јужна Кореја, посвој нè.

Сè што треба да знаеш за твојот авионски багаж

Перидов самото тоа што ви стигнал багажот е чиста премија и пожелно е на тоа да мислите дур го гледате видеово.

Ова е твоето јавно мислење

Не дека на некој не му е јасно, ама многу полошо изгледа кога ќе видиш како еден хангар и купишта евтини смартфони се доволни за насочувње на која било јавна политика или мислење. А понудата е за сè што ќе помислите или има на интернет.

Видео од освојувањето на аеродромот во Хостомел

На почетокот од војната во Украина аеродромот во Хостомел беше клучен столб на првичните планови на руската инвазија, како точка во близина на Киев од која Русите ќе можат логистички да го одржуваат освојувањето на укранинската престолнина. Видеото е монтажа од руската страна на борбите во кои падна Хостомел. Видео од повлекувањето од аеродромот се уште нема.

Украинската армија работи и на домашните штеточини

Наводно видеото е од приведување на украински полицајци кои на локалците констатно им барале рушвет. Ништо организирано, едноставно еден од локалците им се пожалил на војниците кои биле на минување за тормозењето од полициското дуо.

Во Нигерија се раѓаат повеќе бебиња отколку во цела Европа

Во следни 4 минути на планетава ќе бидат родени 1.000 бебиња (и така на секои 4 минути). Иако Индија и Кина се заковани на врвот со 172 односно 103 од овие бебиња,  најголемото разочување доаѓа од Европа (не ЕУ, туку Европа) која е стигната до разочарувачки низок наталитет.

Некои комшии далеку стигнале

Дел од Џавелин и НЛАВ американските и британски рачните ракетни фрлачи некако завршиле во Пасат караван со албански таблици, кој пак некако завршил џенем во некоја недојдија на украинскиот фронт.

Од што умира нашиот ученик

Болеста не е чедо на новото време туку датира од прастаро доба. Во старите свети книги се зборува дека внукот на Јаков, Онан, го расфрлал своето семе по земја затоа што не сакал да се жени.

Путин прогласи пораз на Западот

За Путин фронтот со Западот е на ниво на светски поредок и според него со војната во Украина е започнат незапирливиот процес на „транзицијата од либерално-глобалистичкиот американски егоцентризам во вистински мултиполарен свет“.

Сакате да видите нешто страшно?

Доаѓа од Кина и не е јадење бубачки, кучиња, лилјаци или што и да е, туку нов систем на наплата. На каса ставаш лице пред камера и понатаму системот знае и кој си и кај ти се сметките и од кој сметка да ти наплати.

Никој не е задоволен кoлку му се цени трудот

„Како човек што помагал да се планираат државни удари - не овде, на други места - тоа знае да испадне многу работа“, му се пожали Џон Болтон на Џејк Тапер од CNN. Во меѓународната дипломатија Болтон важи за насилник. На шефот на комисијата за инспекција на хемиско оружје во Ирак му има кажано: „Знаеме каде ти живеат децата.“ Багра со дипломатски имунитет.

Мики Рурк за Том Круз: Тој е ирелевантен

Што од бокс, што од ботокс, човекот физички одамна не е истиот каков го паметиме од неговите добри денови на Девет ипол недели, Дива Орхидеја или Ангелско срце, но ментално и натаму е фајтер со куроболие пуштено на најјако. Беше кај Пирс Морган и лежерно му се насра на Том Круз кој „игра иста улога 35 години.“ 

„Луѓе со капацитет за бременост“

Ако најдеш начин да се убедиш себе дека логиката е излишна и не ти пречи да измислуваш, речиси и да нема дебата што не можеш да ја добиеш, со кого било. Многу работа врши и ако можеш од ништо да креираш дека си нападнат.

Не знаеш дали републиканци или демократи помалку го сакаат Бајден за 2024

Си-ен-ен објавува анкета според која 64% од регистирани демократи гласачи, сакаат Бајден да се откаже од втор мандат и нивната партија да има друг кандидат за претседателските избори 2024. Ако се загребе малку подлабоко во резултатите, една од најзастршувачките цифри е дека кај демографијата демократи под 30 години, оваа бројка е 94%.

Како да не прегориш после пладне

Математиката е едноставна, немој утрото да го стартуваш на кофеин, ако сакаш телото да ти е уште употребливо околу 14-15 часот. Препораката на Хуберман е да поминат најмалку 90 минути од будење пред првото кафе / чај.

Разговор меѓу вратот и сабјата

Фасцинантен разговор меѓу „два света“. Едниот го претставува палестинскиот уметник, новинар, револуционер и лидер на Отпорот, Гасан Канафани, подоцна убиен од Мосад (заедно со неговата 17 годишна внука). Другиот е некој западен Зоран Иванов, кому не му е никако јасно зошто некои народи се борат за слобода и за достоинствен живот.

Шаржер причини за полуавтоматско оружје

Што имаат заедничко Кју клукс клан, црнци и полуавтоматско оружје? Наспроти тоа што вообичаено имаат заедничко сега во прашање е регуларен спот од кампања за меѓуизбори за американскиот Конгрес.

Убер СССР

Огласот за совршен таксист би требало да е: не сака ништо да те праша, не сака ништо да ти каже, знае каде да те однесе и има ситно.

Иде глечер

Странски туристи од далечина што тие мислат дека е безбедна ја снимаат лавината што се случува од еден глечер што се топи на планините на Киргистан. Клучно: „далечина што тие мислат дека е безбедна“. Мртви нема, ама има двајца хоспитализирани.

Ок, да научиме и што се капиосексуалци

За жал, тоа ќе мора да ви го објасни едно јако непријатно и иритантно суштество (има логика, ај ти). Елем, капиосексуалци влегуваат под чадорот „асексуалци“ и се лица кои немаат сексуална желби, ама - им се сака да имаат секс. Што? Е, што де. Од нас, јеби га, толку.