Off Topic

Водич за пиење од Леми Килмистер

Уште во 2005 година, пејачот и фронтмен на Моторхед, Леми Килмистер, во интервју даде неколку тешко стекнати совети за пиење алкохол. Тој отсекогаш важеше за исклучително веродостоен извор по ова прашање. Има тука неколку интересени цаки.

Новиот српски парламент има пратеник со боенка

Во новиот состав на парламентот на Србија има осум глумци, пола од кај студентите, пола од кај Вучиќ. Еден од кај студентите е и актерот Бојан Димитријевиќ, познат како наркоманот Пикац од серијата „Вратиће се роде“. На првиот ден на новата работа земал боенка, за кога ќе му биде досадно. Симпатично, ако човек заборави дека се колнеа како 24/7 неуморно ќе се борат со криминалниот октопод на претходната власт.

„Подобрата Србија“ демонстрира простаклук

Група победнички бадијалџии се собраа пред зградата на српскиот парламентг каде се одржува конститутивна седница на новиот парламентарен состав. За да им аплаудираат на своите и да викаат „уаа“ на другите (јаки потези, јаки герили). Најглупата меѓу нив ја потури со јогурт по глава актерката Лидија Вукиќевиќ која има мандат од СНС.

ВИ музиката ги доби своите Греми

Во Лос Анџелес биле одржани првите AI Music Awards за музика креирана со вештачка интелигенција. Распоредени во 25 музички жанра и три категории: скроз ВИ, делумно ВИ и хибридни песни во кои вокалот е на клониран човечки глас. Влез за настанот бил 250 долари. Ги имаме победниците. Некако ни немаат душа :)

Политичар е за да те фарба

Во 2021 година, локални политичари во изборна кампања решаваат да им покажат на своите гласачи дека тие се луѓе од народот па наместо само ветувања, да демонстрираат дека се подготвени конкретно да им помагаат на луѓе. На пример, да освежат со боја фасада на една скромна куќа, па удираат ваљак, се разбира, пред камери и новинари. Да ја видите куќата пет години подоцна.

После победата доаѓаат прашања

Изгледа дека сè може да се смести под ист политички покрив: европски интеграции, пријателство со Русија, воена неутралност и по некоја историска благодарност. Политичката програма е како шведска маса – земате што ви се допаѓа, а ако некогаш стигне сметката, едноставно ѝ ја префрлате на следната влада.

Шпараџијата Еминем

Еминем тежи 230 милиони долари. Со толку пари во себе, му се бендисал саат и му свртел на менаџерот да го праша дали може да си го дозволи. После си го купил ама сега носи друг, евтин, пошто тој скапиот нејќе да го изгребе. E, тој и таков Еминем има напишано песна „Lose Yourself“.

Битката за американската рецесија

Белата куќа е во рововска битка, ем на Википедија, ем на прес-конференции, за сите да разберат дека САД не се во рецесија. Против кого е битката? Против новинари, самите себе и економски експерти.

Русија потсетува: Зимата доаѓа

Ау, какво „клизечи“ видео направиле Русите или пак некои нивни фанови. Ги набројуваат сите можни предности и поволности кои ги има Русија во моментов и на крај закуцаваат со повик „Време е да се преселите во Русија“. И уште подрско потсетување: „Не одолговлекувајте, зимата доаѓа“.

Голиот Спајдермен

Којзнае на која дрога, угол гол им се појави на луѓето на чардак, проба да се бори со домаќинот и кога виде дека не ја бива работата вака, реши да ја продолжи ноќта одлетувајќи преку оградата. А може само пиел Редбул па буквално го сфатил она дека ти дава крилца.

Ковид сертификатот важи само на колена

Новото правило за проверка на сертификати за ковид-19 во Кина налага дека човек треба да е на колена со изваден телефон додека на надлежниот проверувач не му се врати потврда на смартфонот дека се е во ред со клекнатиот.

Од времето кога САД беа суперсила

На снимка која е незамислива во денешно време, што заради военото осилување на Кина, што заради погубната зависност на американската економија од Кина, тројца американски Конгресмени (меѓу кои и Ненси Пелоси) одат на Тиенанмен плоштадот (сосе камермани и новинари), вадат натпис во сеќавањето на „тие што загинаа за демократијата во Кина“ и полагаат три цвета на споменикот на мачениците.

Проблемот на светот: душебрижници

Белец се решава на гнусен потег и облекува, ни помалку ни повеќе, мексиканско сомбреро, наметка и  става вештачки бркови. Вака маскиран оди и прашува луѓе дали неговата облека им изгледа навредлива. И сите му потврдуваат дека комплетчето му е навредливо. Сите до еден, освен сите Мексиканци кои ги праша.

За малку ќе се пукаше и на границата на Украина со Белорусија

Украински граничар на белоруските колеги од дистанца има да им порача дека држи граната во рака и „Алаху Акбар“. Пред да се ескалира на реплики со Калашникови, Украинците си го прибраа колегата.

Описна дефиниција за демократијата

Ако треба ЕДНА дефиниција за демократија да запамтите и суштински да разберете, оваа е таа. Остајте она дека демократијата е владеење на демосот (народот, луѓето). Како што знаете од секојдневниот опит, таа дефиниција ама баш ништо не ви врши работа. Ова е тоа:

Во Тампа уште од сега нека прогласат дека победил Трамп

Од поздравувањето со Трамп пред заминувањето од Тампа, Флорида, по митингот што го имаше таму.

Огласна загатка

Дечко гледа оглас за работа на излог на еден дуќан. Бараат сметководител. Плата 35.000-40.000 фунти. Им се јавува и вика, затворајте оглас, го имам одговорот.

Војната во Украина вс. војната во Бразил

Во Украина, земена како најактуелна војна а не како нечие алиби, сред воена инвазија од една од најголемите светски сили има помалку жртви отколку што во Бразил од почетокот на годинава имало во судирите меѓу полицијата и наркокартелите.

Американски полицаец не пукаше во црнец

Во интервенција во метрото под Менхетен полицаец црнец решава да не прибегне кон стандардното празнење пиштол во црнец па прашување што / како / зошто. Во редок пример на дупла среќа за осомничениот, на лице место е присутен и белец полицаец кој исто така не посегнува по пиштолот. Ок, ќотек има, ама и тоа е взаемно.

Ова не е зомби апокалипса

Звукот е од зомби апокалипса / игрица и е монтиран на видеото, и ништо друго не е монтирано, само обично утро во Индија со луѓе што чекаат превоз за на работа.

3 годишно дете што ќе каже и поп што ќе закопа, тоа е тоа

Го однела својот тригодишен син на педијатар, тој го прашал што е, машко или женско, малиот рекол дека е женско. И оттогаш, малиот го третираат како женско. Добро што не го прашале дали е куче или маче, може со глувци ќе го хранеа.

Како ни оди со трошењето за НАТО

Ветувањето што го дава секоја членка на НАТО е дека секоја година минимум 2% од своето БДП ќе го троши на вооружување. Неспорни шампиони се САД, од кои зависи функционирањето на НАТО. Ние, за одбрана во 2022 сме одвоиле 247 милиони долари, и со таа сума сме на 1,78% од БДП-то.

И директор на ЦИА знае да е искрен

На Фокс њуз гостува поранешниот директор на ЦИА Џејмс Вулси. Запрашан дали некогаш ЦИА се мешала во избори во други држави, Вулси одговара дека се мешала, ама тоа било порано, а понекогаш и сега.

Политичарот што си поверува сам на себе

Багват Ман, премиерот на 28-милионскиот Пунџаб, за да ги воодушеви своите симпатизери и да покаже дека е во ред водата во светата река Кали Беин, реши да се напие чаша вода директно од реката. Ене го сега во болница, како што објаснуваат од неговиот кабинет, не заради чашата вода, туку заради редовна проверка.

И Африканците сакаат кај Украинците, во Париз

Стотици африкански мигранти кои којзнае колку време дремат во мигрантските кампови во Франција деновиве извршија упад во бегалскиот камп во кој се сместени украинските бегалци во знак на протест за привилегираниот третман на Украинците, кои за волја на вистината не беа толку волни како нив да ги напуштат своите домови.

Ваква доверба денес не наоѓаш

Француски инвентор на безбедносно стакло од 1930-те ја замолува својата сопруга пред лице да држи парче непробојно стакло додека овој со повеќе истрели од пушка од десетина метри оддалеченост покажува дека стаклото стварно куршум не го бие.

Паркинг по паркинг Бентлито ќе излезе

Русинка е фатена како детално и педантно ги покрива регистрациите на своето Бентли за да избегне плаќање паркинг на улица во Москва. Каталошката цена на овој модел на Бентли е нешто 65,3 милиони рубљи или по сегашен курс нешто над 1,1 милион долари.

Ердоган - Путин 2:1 во чекање

Истиве овие што владеат со стотици милиони луѓе и имаат неброено оружје и моќ под себе, со години гледаат еден на друг да си го спуштат и кој кого ќе натера подолго да чека. Последниот пенал го имаше Ердоган за време на самитот во Иран.

За да биде појасно колкав е украинскиот фронт

Украинската армија моментално (со различен интензитет) треба да брани фронтовска линија со вкупна должина од 2.450 километри. Колку се 2.450 километри? Колку да возиш со кола од Барселона до Варшава и плус уште нешто.

Кинески виц на денот

Влегува Ши Џин Пинг на пазар и го прашува касапот како му оди работата.

Касапот: Обично добро е, ама денес ништо не продадов.

Ши: Зошто, што се случи?