Скара против гости или мини-мини скара

Скара не е една од работите за кои треба да постои размислување, а не па цела трка, како да се направи што е можно помала. Секогаш скара треба да биде што е можно поголема, затоа што скара е друштвен спорт, а колку повеќе луѓе толку подобро (освен за скараџијата). Ама сепак на интернет постои цело движење заинтересирано за мини и мини-мини скари.

Пред да почнеме со понижувачки малите скари, еден другарски совет до сите што планираат да купат некоја џабалак скара или се на памет „ене ги во флаер по 800 денари се“: тоа што сте нашле поевтина скара, во пракса значи само дека сте нашле скара со потенко железо, а колку потенко железо толку повеќе ќе има извитоперување на истото кога ќе се вжешти, и куќиштето и решетката. Плус, колку потенко железо толку послабо ја задржува топлината, што е важно за поголемите партали месо.

А ако веќе се работи со ограничен буџет, подобро дај ги сите пари за асална решетка, па за остатокот снајди се со камења, метална канта, што и да е, отколку да се земе комплет лимарија.

Да се вратиме на скарите за Штрумфови.

Ова е една од најмалите и најлесна за правење скари, и веројатно најмалку корисна. И треба да си многу очаен за да направиш вакво нешто.

 

Втората во серијата скара за виршли, доаѓа со значително структурно засилување, и наместо од тоа алуминиумските чинии се прави од обична конзерва од грашок, пченка и слично. Плус од опрема за ова ти треба клешти за лим, неколку шрафови, една шарка и жица што ќе глуми решетка.

Ако некој најде употребна вредност на оваа и претходната скара, не мора да ни ја кажува, слободно нека ужива во благодетите од нив.

 

И малку поголема лименка:

 

Продолжуваме кон нешто значително посериозно, но и понатаму далеку од вистински употребливо. Која големина и да ја изберете тука концептот е ист. Ти требаат една или две исти саксии (керамички). Ако решите само да вртите скара, завршувате работа со една, ако сакате да правите мини-пушница тогаш ви треба и втора како капак. Овој проект е малку понапреден, па бара и нешто повеќе алат и делови, ама па и дава нешто што почнува да наликува на скара.

 

Ова е веќе некој прифатлив минимум, иако технички и не е толку скара колку што е плотна. Неопходниот материјал е парче метал барем 6-7 милиметри (сите страни да се оборат) и четири ногарки на штрафење. Ќе приметите дека Лора малку претера со заварување, ама овој концепт може да се направи и со четири долги шрафови, мутери и забивање во земја за дополнителна стабилност.

 

Уште едно решение на Лора за мини-скара, ова направено од противпожарен апарат, и без заварувач.

 

Следните неколку не се баш мини, ама па не се ни нешто посебно големи. Заедничко им е што се подвижни, одлично изгледаат и што сигурно немаш доволно алат за да ги направиш сам.
 

22 октомври 2021 - 16:42