Во овие 20 години заборавивме колку важен и револуционерен уред беше Ајпод, и колку несреќно, нефункционално, кабасто и тромаво беше сè друго што постоеше во тоа време.
Иако дизајнирањето и составувањето на самиот Ајпод е подвиг за тоа време, Епл истовремено се исклучително ангажирани на заштита на изгледот на новиот уред и тој да не протече предвреме, или да го види некој што не треба.
Заради ова тие го изработуваат прототипот П68/Дуклимер, една масивна одвратна пластична кутија со неспоредливо поголеми димензии, полна со воздух, неколку копчиња, екран и тркало кое многу лошо работи.
Прототипот содржи дел од хардверот кој подоцна ќе се најде во Ајподот, и е намерно направен несмасно голем и неспретен за да се скрие каква било асоцијација на вистинскиот дизајн. Дури и екранот што се користи, е помал отколку тој во дизајнот.
Лажњакот го потврди и човекот што го измисли Ајподот, Тони Фадел, според сето тоа е брзински склопено и е направено чисто за да се зачува таинственоста на дизајнот на новиот уред.