
Потеклото на боксот со голи тупаници како народен спорт во Русија е уште пред христијанизацијата на Русите, како дел од словенските прослави на богот Перун, кој Словените го сметаат за заштитник на боречките вештини.
Борбите главно се водат како дел од „забавата“ за време на големите празници и во присуство на голем број луѓе, а во нив учествуваат мажи од речиси сите генерации, професии и имотност.
Заради пред-христијанското потекло Руската православна црква не е константно наклонета кон рускиот бокс па уште во 1274 прогласува дека сите борци треба да бидат исклучени од црквата, а оние што умреле во голораките борби да не добијат црковен погреб.
Борбите се случуваат главно зимно време од зимскиот Свети Никола до првите денови од летото односно Петровден, што содејствува со периодот кога нема толку многу работа во нива. Главните борби се околу Божиќ и на источно-словенскиот празник Масленица која се слави пред почетокот на последната недела од Велигденските пости.
Боксот има две верзии: поединечна, еден на еден, и масовна во која идентичен број на луѓе започнуваат масовна тепачка со боксови без ракавици. Масовните борби дополнително се делат на улица-на-улица, село на село, населба на населба.
Групните борби се поделени и на три фази. Во првата се борат момчиња меѓу себе, втората фаза е неженети младинци и на крај се редат возрасните. Целта не е до толку да се истепаат сите од противничката група, туку да се натераат да избегаат или да се повлечат од полето за борба.
Секоја група борци има и свој лидер, кој ја одредува стратегијата, а посебна група се „сигурните“ борци чија цел е да ја растурат противничката стратегија со тоа што ќе нападнат и одвлечат внимание на неколку од противничките борци. Обично „сигурните“ се највештите и најискусните борци.
Во групна конкуренција едно од најважните правила е дека учесниците не смеат да носат никаков тип на ракавици, бидејќи под нив би можел да крие некакво оружје, пример како боксирач. Ако некој е фатен како носи ракавици казната е безмилосно претепување од гневната толпа.
Разликата меѓу поединечна и групна варијанта е и во тоа што дозволени се само удари во глава и во торзо, и во поединечна не смее да се удри паднат човек, меѓутоа во масовните тепачки ако некој падне од боксови се случувало по него да биде одено, па дури и да биде прегазен до смрт.
Иако може да се удри кој било дел од половина нагоре, главниот фокус бил на главата, плексус и во делот под ребрата. Правилата не дозволуваат борење на земја..
Последно, од пред некој ден, е дека руската боксерска федерација одлучи да го врати назад рускиот бокс, за сега во поединечна конкуренција, и да формира официјален оддел за надзор на спортот. До сега спортот во Русија не беше регулиран, а ХФФ (Hardcore Fighting Federation) од минатата година почна да организира борби во земјата. Он-лајн преносите од борбите имаа милионска гледаност.
Еден од аргументите на денешните организатори околу безбедноста на руски бокс е дека нивните голораки борци добиваат крвави рани кои заздравуваат и од овие удари побрзо ја завршуваат борбата, додека кај бокс со ракавици, боксерите можат да издржат повеќе удари што ги изложува на долгорочни здравствени проблеми како оштетување на мозокот.