Уште многу млада, на 4-годишна возраст, Сакаоглу заглавува сред пожар во својот дом, кога едвај е спасена. Ова трауматично искуство и се повторува при крајот на животот во 2000 кога пожар ја зафаќа зградата на неподвижната 91-годишна жена која не може да стане од кревет.
За разлика од првиот пат, сега на жената на помош и пристигнуваат пожарникарите од станицата во Фатих. Пожарникарите ја спасуваат жената преку катот над нејзе и успешно ја вадат од зградата.
Сакаоглу умира во 2003 од старост.
Меѓутоа пред да почине таа пишува тестамент во кој целото свое богатство го остава на пожарникарите од станицата кои ја спасија заради долгот што го чувствува кон нив.
Во тестаментот таа на пожарникарите и останатиот персонал во станицата им остава 2,9 милиони долари што ги има во банка, со насока на секои три месеци меѓу нив да се дели каматата од парите плус киријата од издавањето на нејзината куќа.
Последната желба на Сакаоглу се остварува дури 18 години подоцна затоа што во приказната веднаш по смртта се вклучува нејзиниот брат. Сакаоглу и нејзиниот брат, Селахатин Измирли, со години не разговараат заради што таа и воопшто не го вклучува него и останатите роднини во тестаментот. Исклучените роднини веднаш го обжалуваат тестаментот, што се претвора во долгогодишна судска битка, која дури неодамна заврши.
По последната достапна судска одлука, парите ќе бидат поделени според желбата на Сакаоглу. Во меѓувреме, додека траеше судската постапка почина и Измирли.