129 начини да најдеш сопруг

Од едно поинакво време, кога не само што било ултра-важно да најдеш маж, туку и од старт да се поставиш инфериорно за да го задржиш, доаѓаат 129 совети како да ти успее. 1950-те се во прашање.

Алан наполни 60

Нè има многу што не го знаевме пред филмот, ама благодарение на Мајкл Цера - сите што го гледаа „Барби“ знаат која е куклата Алан.

Зендеја во Муглер

Зендеја е цело време јако дотерана, се внимава и на тоа што го носи за време на целата пр-турнеја за „Дина: Втор дел“, ама овој пат е Муглер.

Дона Дрејк - Афроамериканката што го прелажа светот

Во 1933, Парамаунт вади ПР пакет за новата старлета со која имаат потпишано - Дона (или Доуна) Дрејк, совршено вклопена во идеалот за убавина во тоа време - порцеланска кожа, русокоса, згодна... И црнкиња. Само што, тоа го немало во ПР-от.

Ако „Господар на прстените“ се снимаше во ‘50-те

Погодено до детаљ, сосе тип на глумци што би биле ангажирани, сосе Panavision, сосе наратор за трејлер.

ТикТок сега има теорија на црвен лак

Ви текнува на теоријата на црниот лак? Е па, оваа би требало да е сосема спротивна.

Дали си амбиверт?

Кои се знаците дека сте на средината на спектарот, меѓу другарот што не сака да мрдне од дома и другарката што не е прибрана?

„333“-метод за пакување од ТикТок

Го олеснува пакувањето во рачен багаж - ај да видиме. Односно, нели, тие што имаат пасоши со новото име. Другите, ќе си ставиме букмарк не е проблем.

Лего за опседнати со мода

Не е фер да кажеме „Лего за жени“. Прво - еден куп жени имаат пораснато со Лего (и сè уште со ќеиф купуваат), а второ, не уживаат само жени во култниве модни додатоци, и во самата идеја за Лего-мода. Особено кога е Ермес, Диор и Шанел.

Порано немавме тригер-предупредувања

Реиф Фајнс отвори дебата за тригер-предупредувањата, односно оние кратки текстови што по ново ги гледаме на почетокот на секој филм, што нè предупредуваат дека содржината може да ни биде вознемирувачка.

Втор дел на „Роми и Мишел“?

За Роми и Мишел (Лиса Кудроу и Мира Сорвино) има еден вид култ, и сега се најави продолжение, и сите што редовно гледаа репризи од филмот паѓаат во несвест.

Како ќе изгледаше Ариел да еволуираше во длабокиот океан?

Не ни црна, ни бела (од современите дилеми на Дизни).

Дали Марија Антоанета изгледала како на сликите?

Чудесен живот и трагична смрт - знаете дека најверојатно го нема кажано ни она „Ако немаат леб, нека јадат колачи?“

Шминка без шминка со Лиса Елдриџ

Лиса Елдриџ ја имавме тука и тука, како децениски експерт за шминка и кога ќе стави видео за најнов начин да се постигне no makeup makeup, или шминка без шминка, нормално дека ќе подзастанеме да видиме што ќе каже.

Апдејт на плакар, или како да го трансформираш стилот во 2024

Некој кажа дека јануари е free trial. Ама февруари почна, па можеме да размислуваме каква промена може да се направи во плакар.

Ви текнува на „бајонета“ очила?

Само такви се носеа на почетокот на милениумот, и секаде ги имаше, па им помина модата. Е па, еве ги пак.

Сте слушнале ли за правилото „90/90/1“?

Можете да се доближите до остварување на целите што сте си ги поставиле, и тоа за три месеци, според ова правило за подобрување на себе.

Што грешат родителите за времето поминато пред екран?

Им пуштате ли Јутјуб за да земете малку воздух?

И продуктивноста може да биде токсична

Има три прашања што треба да си ги поставите.

Кариерата на Кирстен Данст

Тие што беа тинејџери на почетокот на 2000-ти со носталгија ќе се сетат на златните денови од кариерата на Кирстен Данст.

Зумерите и миленијалците се во љубов со своите локални библиотеки

Обично мислиме дека се залепени за телефоните, ама излегува дека не е така.

Колку чини да си Емили во Париз?

Емили Купер живее живот од соништата во Париз - ако не е чоколаден кроасан, инфлуенсерски настан, или помагање на клиент да се спреми за Модна недела, тогаш е пауза со патување во замоци или Сен Тропе. Колку чини сето тоа? Спојлер: Не се постигнува.

Искрен трејлер за „Барби“

Добро, симпатичен беше филмот, стварно, ама и трејлеров искина.

Зошто светот на модата е толку опседнат со папарацо-култура?

Папарацо на италијански значи „досаден“, и така ги викаат фотографите што никој не може да ги поднесе во шоу-бизнисот.