Саманта беше во право за сè

Дали и вие сте пуштиле репризи од „Сексот и градот“ години подоцна, само за да сфатите дека од епизода во епизода, на Саманта ѝ е „свака ко Његошева“ и дека за сè беше во право?

Саманта Џонс е икона на телевизија, и обично знаат да кажат дека таа беше „сексот“ во „Сексот и градот“. Отсекогаш ја обожавале фановите, а серијата ја направи лик со кој што сите би се дружеле, ама тешко се наоѓа за во друштво.

Но, ако погледнеме малку назад, на Саманта многу изјави ѝ држеа вода, иако во тоа време често се случуваше да ѝ се отфрлаат како луди или претерани. И нормално, не беше совршена, но има понудено огромен број лекции за градење живот и останување верна на себе, нешто што списанија за жени, што онлајн, што живи со децении наназад се обидуваат на жените да им го стават во глава.

Еве, чисто да се потсетиме:

9 мај 2024 - 12:19