Можеби звучи како непотребна носталгија, но сепак, имаше нешто многу пријатно во чекање датум, трчање до трафика и купување на неделна или месечна доза храна за очи и ум. Дали си тинејџерка или жена во години не беше воопшто битно.
Овде некој успеал да зачува Харперс Базар од 1967. Ако го прочитавте тоа само како бројка, ајде појаснување: Списанието е старо 55 (педесет и пет!) години.
Звукчето веќе ретко го слушаме, на кликови сме сега. Не ве тера да проверите да не ви останало нешто по подруми?