Зошто веќе никој не одговара на телефон?

Телефонот ни доаѓа во првите децении на 20-ти век и прво, никој не знае точно како се телефонира. Александар Греам Бел сакал луѓето да почнуваат разговор со „ахој-хој!“ АТ&T дури и се обиделе да спречат да се кажува „Ало“, расправајќи дека е некултурно.

Сепак, со тек на време, се научивме на „Ало“. Луѓето почнуваат да градат култура околу телефонот. Лекарите набавуваат телефони, па мораат и аптекарите да набават. Не дека се развивало пребрзо, но сепак - се случило.

Човек едноставно мораше да крене телефон, порано. Ваквиот порив се пренесе и од родители на деца - во еден сегмент на Хело Кити направен за да се научат деца како функционира телефонот, мачето си игра, телефонот заѕвонува и вика „Телефон! Јее! Мама, мама! Sвони телефонот! Брзо! Ќе спуштат!“

Чудно е колку ни бил далечен концептот на некревање слушалка, како секое ѕвонење да наметнуваше императив, како баш тогаш некој тебе да ќе те бара за многу важна работа. Снема важни работи, или се научивме дека ништо не е доволно важно да мораш да кренеш слушалка?

Можеби фактот што, ако не стигнеш до телефонот на време - толку. Ако не го знаеш бројот, мораш да ЧЕКАШ додека не ти заѕвонат пак. А што ако тој што те бара сака да ти каже нешто многу важно, или да те праша нешто уште поважно? Страшно беше да се пропушти повик. Како да ти ѕвони некој на врата, а ти стоиш од другата страна и - боже, боже - не отвараш! (Отварање врата секогаш кога некој ќе тропне или ќе заѕвони е уште една активност што не остаре добро).

Плус, додека ѕвонеше телефонот, толку многу прашања имаше за решавање - кој е? Што сака? Да не е за... мене?

Ова стана културен обичај на кој луѓето се потпираа за да можат да го разберат комуницирањето преку технологија. Кога ќе се јавиш кај некој, ако е дома, крева слушалка, вика ало. Кога ти ѕвонат тебе, ако си присутен, креваш слушалка, викаш ало. Едноставно така функционираше. Очекувањето дека ќе се крене слушалката ги направи телефоните синхронизиран медиум.

Денес ова баш и не значи многу. Нема потреба да се враќаме во таа наивна состојба од ’80-ти - животот си го направи своето. Сепак, интересно е да се размисли на темата - зошто никој не крева телефон? Дури и продавници, банки, фирми прават што можат да не мораат да се јават. Зошто вие гледате од 50 повици да одговорите само на 4? Рефлексот на одговарањето - толку длабоко вгнезден во луѓето што растеле во 20-тиот век - го нема.

За телефонската комуникација, научникот Роберт Хопер ќе каже дека,

„не беа баш ритуални, но беа рутински на начин кој се приближуваше до ритуал. Кога ќе заѕвонеше телефонот, сите знаеја дека треба да се одговори и да се зборува во „литургијата на општиот став.“

Има повеќе причини за оваа бавна ерозија. Најважниот аспект е структурален: едноставно, денес има повеќе опции за комуникација. Пораките и нивните сродни мултимедијални варијации се богати и чудесни: зборови мешани со слики, реакции, фотографии, видеа, линкови. Пораките се забавни, благо асинхрони и дозволуваат да ги праќаш со повеќе луѓе истовремено. Речиси е моментално, исто како телефонски повик, ама не баш. Па имаш Твитер, па Фејсбук, па Слак за работа, мејл, Фејстајм со фамилија. Стварно не сакајќи сме се потрудиле телефонот да стане сосема непотребен.

Сепак, штом сме вака задоволни од опциите што ги имаме денес, од кај тоа чувство на блага носталгија кога ќе ти се врати слика на времето кога дома има еден телефон и многу е важно кога ќе заѕвони?

И дали и вие имате желба да си кажете каков телефон имавте дома и каква боја?

25 февруари 2020 - 11:25