На британското шоу Loose Women („Слободни жени”, топ наслов), Присила Присли се отвори за запознавањето со Елвис и со предизвиците со кои се соочувале за време на нивниот шестгодишен брак.
Имала 14 години кога го запознала, а тој служел во американската армија во Западна Германија во исто време со татко и, кој бил офицер во авијација. Елвис бил постар од нејзе 10 години и веќе меѓународно позната рок-ѕвезда. Се земале кога имала 21 година и се преселиле кај него во Мемфис - што се покажало како тешка транзиција.
„Тој веќе имаше свој затворен круг таму,” вели Присила. „Се разбира, ме прифатија, но не сфатив дека - толку. Не излегувавме. Не сакаше да јаде во ресторани затоа што луѓето го сликаа, а тој не сакаше да се слика со вилушка во уста. Буквално живеевме во меур.”
За време на нивниот брак, многу се трудела да ја оддржи, како што вели, „мистиката” на врската. Не дозволила да ја види без шминка или додека се спрема.
„Има нешта што ги чуваш за себе. Не сакаше да ме гледа како се облекувам. Сакаше да го види резултатот на тоа облекување.”
Иако Елвис и бил љубовта на животот, вели дека се изгубила живеејќи го неговиот живот, гледајќи филмови што тој сака да ги гледа, слушајќи музика што тој ја сакал и одејќи на места што тој сака да ги посети. Тинејџерските години не ги поминала како „нормална девојка”. На крај, избрала да го остави затоа што „морала да открие каков е навистина светот.”
Забелешка на уредникот: Па, резултатот само сакал да го види бе, да не гледал како се облекува. Па, ништо нема да види и точка.