Зошто е Париз толку скап?

Не толку за кафе и јадење, дури ни за облекување, колку што - ако сакаш да купиш стан од 40 квадрати, ти требаат минимум 400.000 евра.

Од 1852 до 1870, Париз го ангажира Жорж Ожен Хаусман, главнот мастермајнд зад изгледот на денешен Париз и тие згради со железни балкони и толку инстаграмливи сини кровови. Зградите ги следат булеварите и ограничени се вертикално и хоризонтално (а Париз нема баш облакодери, сте приметиле?), и бројот на станови е ограничен, па според тоа и не е баш неочекувано што цените по квадрат растат секоја година, а експертите викаат дека Парижаните имаат уште за чекање додека да видат некоја промена.

Средната цена по квадрат во Париз е 14,430 евра.

2 декември 2019 - 11:33